Јас колку што видов последно Дуки Дасо немаше ташна под 1200... за оваа цена што бараш можно е негде по стара чаршија (ама не сум сигурна може и поскапи да се), а со сигурност за оваа цена има на бит-пазар и искрено не се лоши на изглед
Денеска баш поминав од Бит-пазар и ги загледав ташните, многу се убави! Ептен се изненадив, не очекував на пазар да најдам таков избор на модели и бои
Дали некаде сте виделе ваков тип на панталони или фармерки, тотално сеедно, со вакви набори под ременот ? Не ми е битно што се, битен ми е моделот, да има вакви набори и да не бидат претесни.
Мишелка, горе над Театро на плоштад, во ОVS имаше панталони со набори горе, јас ги гледав пред 2 недели, најверојатно уште ги има. Околу 2 и нешто илјади беа тука.
па имам шивачка,близок род ми е,така да нема да ми земе пари.. а мислев вакво извезено со циркони,некои слични на овие да бидат.. затоа и сакав да пробам само
Дечки кај да најдам некое добро сако или пролетно палто, така пошизичко. Шетал ли некој низ Сити мол, во ГТЦ некако слабо избор.
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 7482_n.jpg во Мана можеш да најдеш нешто симпатично по прикладни цени
феминки има ли некој искуство со оваа фејсбук страна...велат дека доставуваат до дома а вие треба при нарачувањетоа да им ги дадете потребните големини на вашиот обем, колкови итн....... Доколку некој има искуство нека пише сакам да си порачам фустан ама не знам колку се добри https://www.facebook.com/media/set/?set=a.252440738217561.56797.112195858908717&type=3
Не сум порачувала до сега,ама баш пред некој ден размислував бидејќи ќе ми треба фустан.Мислам дека се стварно добри,повеќе гледам имаат порачувано од кај нив.Пиши им,распрашај се.
Имаш во City Mall во Pull & Bear мислам дека беше нешто слично на ова, во Stradivarius... баш минатата недела гледав и беа со некои приступачни ценички
Јас имам порачано фустан за нова година. Ти ги испорачуваат до дома со такси за Скопје и на таксистот му плаќаш за фустанот. Е сега незнам од каде е девојката ама моја претпоставка е дека е од Ѓорче веројатно. Ивана се викаше мислам. Инаку фустанот ми е сон, ми го сошиш по мерак само ми е краток па јас го носам на хеланки. Рачно ги изработуваат да имам приметено. Тоа е моето искуство со оваа членка.
Да не знае некој од кај да си купам крзненце едно 20-30 сантими широчко да е? Купив палто ама сакам да му ставам крзно па сакам да си купам, да не некој видел по продавнициве за материјали да има ? Крем кррзно со поголеми влакна како на сликава ова
Каде во Ск има убави и квалитетни машки кошули до 1500 ден. и машки каиш,ама каишите не знам која цена се,и поскап да е,ама квалитетен да е?
Каде да си најдам вакви фармерки или некоја друга убава боја ама да се до 1 000 денари? https://rately-product-images.s3.amazon ... 4x1024.jpg
Знае ли некој кај можам да најдам вакви подебели конци во боја? http://www.ebay.com/itm/1-X-25M-06MM-CO ... 1101038873 И ај кажете како да ги најдам тезгите на Бугарките на бит пазар ? Кај се наоѓаат точно?
Дали има попусти по продавниците низ трговскиве уште? Мислам на Бершка, Страдивариус, Њу јоркер и остали. Знам дека не е за овде прашањево, ама ми треба брз одговор.