На рекорд, баш кај автобуската постојка од страната на Јуник, има продавница во која на излог има конци волница и такви работи..тука има, ама колку пари се не знам. Сигурно има и на женски пазар, ама пошто не сум барала до сега, не знам каде точно. Бугарките на бит се скроз на крај од пазарот...значи ќе влезеш во првиот пролаз од страната на Зегин (тој ти е прв ако доаѓаш од кај Мавровка...влегуваш и се движиш се право како што си влегла..го минеш цел пазар, и ќе стасаш до тезги со дрангалашки - e тоа се бугарките Ако се движиш само право од кога ќе влезеш по должина на пазарот, ќе ги најдеш обавезно, а и да згрешиш правец ќе прашаш било ко ќе ти каже. Редактирам: инаку конците што ги бараш се конци за везење...така барај..а ако ти треба подебели ќе бараш волница.
Една другарка порачуваше од тука. Конкретно тој со чипка црниот долг фустан и и го донесоа исто како на сликата без ниедна грешка, точен ко дирекно на неа да го шиеле, презадоволна беше. Само им испрати димензии на обем на гради и струк и висина. Многу добро, не ми е јасно како толку ги погодуваат без проба Јас би нарачала, има многу фини работи, а мислам дека има и ти да им испратиш слика каков сакаш да ти сошијат
Во Багат (дуќанот кај автобуската) во задно време нема ништо, многу пати сум барала патенти, а изборот им е никаков. Најдобро оди на битпазар, но не кај бугарките...ќе тргнеш по внатрешната улица на пазарот и цело време гледај ги дуќаните од десна страна, откако ќе ги поминеш месарите и тие за завеси, некаде пред крај пред да свртиш во уличката за женски пазар, имаш 2-3 дуќанчиња само за конци и такви тракатанци...нема што нема!
сакам да си купам тренерки adidas/nike разгледав во ГТЦ меѓутоа се многу скапи а пак стари модели се...
Оди кај Борис Трајковски салата во outlet-от имаш и адидас и најк и пума тренерки..И не се воопшто скапи а има и попусти сега на се..
Гумени чизми за по дожд? Ама не со Бурбери дезенине што ги имаше во Ил Камино, ми треба некое место каде што има поголем избор. Ениуан?
И јас имам порачано фустан лани за нова година и искрено ич не бев задоволна на сликата фустанот беше со 3/4 ракави јас го добив со кратки(објаснувањето беше на повеќето така им се свиѓал,а ти нарачуваш како што е на сликата) и материјалот беше катастрофа
Јас си купив во Бершка,1390.. Имаш во Тејли Вејл омбре,таа мислам дека е 700.. Други имам гледано на повеќе места поефтини ама не беа убави.. И во Теранова имаше околу 1000,ама јас искрено не би дала за нешто во теранова 1000,болје малце поскапо во другите продавници Таа мојата е ваква боја само доле нема за врзуваше туку обично,ама можеш да си ја врзеш пак
Во Adam's редовно имаат гумени чизми, не сум видела со какви дезени располагаат сега. Ѕирни и во Office shoes.
Има некаде низ градов сомотски пантолони? Ми требаат црни, ама сакам класичен модел, не сакам цевка (пошто сум “малце“ подздебеленка, па нејќам да ми пукаат...
MIA-SK зашто ти се сега сомотски? Пројде зимата, подобро купи си прави некои што паѓаат, тие исто и издолжуваат
Женски, некој да знае од кај да купам перница за патување, оние што се ставаат околу врат, да биде по можност по нормална цена. фала