Девојки во потрага сум по добар часовник, но ништо ми нема фатено око. Сакам наједноставен модел, нешто слично како овој модел на Daniel Wellington. Без некои додатоци. Најобичен, црн.
Во нивната продавница во ГТЦ, маичките ти се над 3-4000. Морам пак да се повторам зошто итно ми требаат, а немам врееме за шетање, барам патики до глужд со внатрешна или надворешна "штикла"? И барам од оние сандали со златна штикличка, лани ги имаа во Зара? Фала однапред.
Доаѓа пролет,и ми требаат балетанки нормално Сите ми се смалија,ми остана само еден пар Бата плави,и малце поголемки што ги носам со памук исто Бата,црни. Да не бил некој брзо по Бата,Геокс,има балетанки убави? Мало ноџе имам јас,36,сигурно има за мене
Се надевам дека за тука ми е прашањето Дали некој знае дали има од брендот Фурла аутлет ??? Сакам ташна да си купам а видов на интернет дека имало...на оние candy bags им се порадував
Знам дека иде со Фен во пакет, но мене не ми се падна во кутијата кога го купив фенот. Па затоа прашав посебно каде се продава.
Во Бисер трговскиот, на горниот кат во едно од ходничињата има еден дуќан за опремување на козметички и фризерски салони. Значи има све што има во фризерските салони па претпоставувам дека таму ќе најдеш посебно дифузер да си купиш. Се надевам има....
Има продавница на Томи Хилфигер во ГТЦ, карши поштата, таму ги имаш. Иако, јас не би ти препорачала од тука да купуваш пошто се скроз забегани со цените-не знам дали некој воопшто купува од тука. Види во соседниве земји да начекаш попуст, или преку интернет нарачај си од УСА. А,најдобро ако имаш некој да ти донесе од УСА, таму на попуст јас сум ги купувала околу 20-30 $.
Секој дифузер не се фаќа на секој фен, фенот си иде со дифузер или пак не иде, не можеш да купиш посебно дифузер, треба да имаш на фенот жлеб, да си влезе внатре дифузерот, па да се погоди големината на фенот и дифузерот. Секогаш со дифузер се малце поскапи и на кутијата пишува дали има или нема дифузер. Најдобро ти е ако бараш дифузер да си одиш со фенот, да си пробаш на лице место
Девојки, кожна сукња со некоја пристојна цена? Или нешто во овој стил? И некое кошулче ако сте виделе од оние проѕирнине, сосема обична, бела или црна на попуст, да се изјасните каде. Ептен ми е итно и важно, фала ви однапред.
Девојки каде можат да се најдат во Ск вакви слични невестински украси за коса, по не толку претерани цени?
дечки дали знаете каде можам да си купам обична маичка со Ролинг Стоунс или со Дејвид Бови? исто така да ве прашам дали знаете дали би можело да има привезок за клуч со бубњеви?
Luna 91 Вакви има и на Бит пазар, а ако сакаш поевтини (ќе пробам да ти објаснам) од Бит пазар ќе продолжиш по улицата каде што има продавници од десната страна, на крајот на уличката кога се свртува десно има една мала продавничка каде држат вакви работи и ваков накит. Круните беа 300-400, а овие што ти се допаѓаат мислам дека се околу 200-300. Се надевам помогнав.