mili4ka123 разгледај тука, инаку се наоѓа во ТЦ Бисер во Аеродром https://www.facebook.com/ButikEngel
Ми требаат најобични класични струкирани женски кошули во бела, црна, бордо боја, не поскапи од 500, 600 денари. Ако сте виделе некаде ве молам за одговор, немам многу време да барам. Може и да се од овие проѕирните, но да не се многу
Најобични, еднобојни, памучни квалитетни рамбовки или маички? За низ дома и за спиење ми се, па сакам да се поквалитетни и удобни и по можност малку подолги, оние што ги имам дома купувани од кај стигнам ретко која ми е по вкус, или се прекратки и претесни или материјалот не им штима. И поевтини по можност.
Едно време имаа во "EuroAsia", летото мислам. сега незнам дали ги има уште, али претпоставувам ќе донесат. Интересни бои имаше, а и памучни беа. Се надевам ти помогнав малку.
Јас имам купувано од Стружанка, убави рамбовки имаат. И еднобојни и шарени, 100% памук. Јас обично од таму купувам и пижами и такви памучни работи, се покажале како доста квалитетни. Имам две рамбовки што ги купив пред 3 години и како нови се. А сметај дека ги користам за вежбање, па многу често ги перам.
Во Tally Weijl видов поефтин свечен фустан за на свадба. Во Bershka,ако носиш помал број,можеш да видиш,може останало нешто интересно на попуст,а и од нова колекција имаш интересно. Во Zara мајка ми сакаше да купи еден многу убав свечен,поскап беше не ми текнува колку ама ептен беше убав.Види таму има повеќе,ама и поскапички ти се таму.. Во други продавници не сум била па да не те излажам да не ти кажам нешто погрешно еве ти кажав во сити мол отприлика
Црна кожна јакна до 2-3 илјади? Нешто вака не комплицирано И ваква сукња барам одамна само подолга малце, не до толку широка и еднобојна (и како се викаат сукњиве за да знам како да ја барам на интернет)
Црно - белата кратка сукњичка, скроз истата од сликата - ја има горе на спратот во Тинексот во Ѓорче ( тој Тинекс кај паркот/пазарчето), ми се чини не беше и поскапа од 1,000, гарант. А Клабмастерки наочари, имате во Ботони, константно секоја година. Ако сега моментално нема, ќе донесат со сигурност, јас лани земав, околу 600 денари беа. Најубава, рамбовки памучни, квалитетни само у Стружанка имаш кај нас, останатото е ѓубре невидено. Јас од тука земав пред 2 години скоро 3 рамбовки за вежбање, ги перам пречесто, а квалитет уште држат, освен што имаат изгубено од боичка малце - што е нормално, скоро како нови се.
Ваква сукња баш прееска загледав во Елит. Мислам дека околу 700-800 рече на едно девојче што прашуваше. Инаку да прашам барам блузичка со ластик горе на ракавите ( од кај рамената што има ластик ) имам лани едно земено и сега никаде да начекам такво :/
Убави црни скаени јакни има во New Yorker, цените се околу 2500 - 3200. Ако сакаш вистинска кожна јакна, биди спремна да одвоиш најмалку 100 евра. Вчера видов вакви во Tinex, беа 390 денари. Разгледај и низ City Mall, ги гледав некаде, но не знам точно каде. Ги има и во првата продавничка од десно во ГТЦ, онаа за скапоцени камчиња, сувенири од Британија и слични тракатанци, моментално се на попуст.