Јас вчера си купив плик-чанта од Стара чаршија. Црна, лакирана, обична е, со златно копче, 300 денари беше. А имаше во сите бои. Значи одиш нагоре по улицата, нагоре од ДМ мислам, и пред да влезеш на пазарот, вртиш лево. Првото дуќанче од лева страна, со кафена врата, малечко е, еден многу фин чичко работи. Ташните му се од него правени, не се кинески, и досега се' што имам купено од кај него се покажало квалитетно.
јас се заљубив во мантилчето ама ми е страв да видам цена ако случајно некој видел колку е или некаде каде што има некое слично вакво мантилче или сако би ви била многу благодарна
Девојки каде да си најдам класични скини фармерки значи скроз уз нога да се лепат за мене за убаво да стојат и доле кај глуждовите пошто мразам фармерки што се широки и не лежат убаво во тој дел . Значи класична средно до темно сина , средно висок струк значи да не се апла низок може и повисок да е струкот без никакви апликации и да не се избелени многу многу или ич нешто вака како на сликите и да имаат мали бројчиња значи 34-32
Баш пред некој ден земав такви ко што бараш во Калиопе,од новата колекција што им се ..но имаше и некој два три модела на попуст по 999ден.беа и тие беа супер истоо ...Исто имаш и во Котон секогаш преубави фармерки ,разни модели ...
Види во продавниците каде што продаваат NBB градници. Цената им е од прилика 500 денари, ама квалитетот е многу добар.
Вчера баш во Бершка видов во Сити Мол, а исто и во Евроазија има во ГТЦ од Бершка се и таму. Цената не памтам ,ама од 1200 нагоре рачунај. Иако јас лично за квалитет за фармерки од Бершка не сум задоволна, едвај една сезона додржуваат. Лани имав купено од Мега Фешн за 400 денари, баш такви фармерки како што бараш,ама ги убив од носење, векот на траење нормално им е пократок, но пак се многу поудобни. Сега никаде неможам да најдам поефтини
Темава е во мода и стил, што значи не е за прашања за калапи, свеќи, саксии, цвеќиња и други работи. Еве ви теми каде што можете да поставите прашања неповрзани со мода. kafe-muabeti/kade-da-kupam-t20618/ Еве и тема во Храна и пијалоци. hrana-i-pijaloci/kade-da-najdam-kupam-t14194/
100 години немам купено фармерки од причина што не можам да си најдам вакви како на сликиве класични и плус да се лепат за мене , така да ако најдам кај што ми посочивте ќе ги прежалам парите ама мерак ми е еден класичен добар пар фармерки да имам што оди и на ниски и на високи чевли и на шарени и на еднобојни работи . Едни од Певекс имам за цели 100 денари ги начекав и во секоја фармерка нив ги барам Ги убив од носење и уште ги носам така мало бројче 32 ретко кај се наоѓа кај нас ... Плус овие ми се темни сиво накај црно а јас сега сакам нешто како права фармерка на сино да иде . Ви благодарам и на тебе и на феминката погоре ќе прошетам кај што ми посочивте и се надевам дека ќе си најдам
Имате некаде видено блуза како црната , со таков натпис .. само да не е црна ? https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 2848_n.jpg
Вакви слични сукњички имаш во Mana Fashion.Разгледај по албумов има повеќе модели. https://www.facebook.com/MANAfashion/ph ... =3&theater А исто имаш и во продавницата Прчла што е еве линк разгдај си и таму. https://www.facebook.com/ButikPrcla/pho ... =3&theater https://www.facebook.com/ButikPrcla/pho ... =3&theater А лично мене најубава ми е оваа од Продавницата Билјана во нас.Драчево што е . https://www.facebook.com/12516873766923 ... =3&theater
Обично црно фустанче? Да нема ништо на него никакви додатоци едноставно со кратки ракави, на прерамки.. ?