komitka во гтц имаш 4-5 продавници со дресови, тргни од подрум (таму 2-3 има) па се до трет спрат таму ќе видиш и на излогот има. Имаш и во Еко или Елит. Цените се 600-700 ден.
Каде да си најдам патики Nike airmax ФАЛШ , освен на битпазар и шутка ? Таму немаа бројчиња за мене , се големи беа
римјанки има ли негде ? ми требаат вакви кафеави. ако знае некој нека пише фала и онакво crop top најобично како за вежбање
Новите колекции во Сити мол се полни со фармерки со висок струк .Моја препорака е Pull and Bear или Zara мислам дека и во Манго видов нешто но не ми остави дотолку впечаток , сега не знам какви бараш јас сакав нешто не накитено . Инаку околу 2000 се , во Зара имаше и по на сино и потемни , во Пул анд Беар имаше класика со ептен висок струк ама ептен и со средно висок , има цени од 1500 поретко , најчесто 1800 до 2290 , е сега Манго мислам дека беше нешто поскапо над 3000. Инаку јас си земав од Pull and bear минатата недела и презаљубена сум бидејки и јас си барав одамна
И јас барам нешто слично во Скопје .. Да не знаете исто и цена на тул на женски пазар? И дали има избор на пастелни бои? (затоа што не сакам обичен бел)
Во Манго се 2.500 фармерките со висок струк, баш ги гледав, ама не се ништо посебно. Во Зара исто така не се ништо посебно, единствено што има голем избор на бои (од посветли до потемни, ама баш секакви), а цените им се вртат исто околу 2.500. За обични фармерки со висок струк мислам дека е малку претерано. Моја препорака ти е Pull&Bear, нема утка со нивните фармерки. Имам неколку пара, некои од нив купени уште пред многу години од Солун и уште ми се како нови. Многу квалитетни фармерки имаат, ги обожавам. А има солиден избор на фармерки со висок струк од новата колекција, и мене ми се во план едни
http://www.divianarts.com/100084 Каде да си најдам Скопје ваква трака со пердуви ? Не мора да е на попуст само каде да најдам ?
Бело сако видов во Vasidora во Верото. Не ми текнува на цена ама поефтино од 1500 беше, имаа некаков попуст.