Не барам нешто конкретно, само дали знае некој што се случи со Дака Фешн што беше во ГТЦ? Се за 300 денари беше, македонско производство, баш ми е криво што ја затворија. Да не знае некој каде има друга продавница?
Не знам искрено дали е со истото име, меѓутоа со истите цени (се` по 300) имаш во Бисер, тераш само право од кафичите и нема шанси да утнеш. Кафичи (Крем и Кул, двата најголеми).
Да ве прашам каде и дали може да најдам производи на Био Комерц, ако воопшто постојат уште? Во средно ги јадев ептен, особено био колачињата со мед и суво грозје или просеник со сирење. Ги имаше низ аптеките и во Тедико исто, а за Скопје не знам дали има. Проблемот е што не ни знам дали сеуште постојат и работат сега кога дојдов во Скопје, се надевам дека е така. Еве линк да видите за што станува збор, ако случано видел некој нивни производи, не мора да е Скопје, околина на Струмица некаде, зашто и од таму купував тогаш, нека ми пише. Како би сега од тие колачињата највкусни на цел свет. http://www.youtube.com/embed/FLRVP6S2s6Y
Ако не се лажам, Дака Фешн пред да отворат во ГТЦ имало негде во Скопје Север, ама не знам каде точно и дали уште постои. Ако си од таму негде, можеш да се распрашаш
Производите на Био Комерц до пред некој месец ги гледав во продавницата Еделвајс што се наога на центарот во Струмица...не сум била тие денови но ако си во можност провери си таму би требало да ги има.....а исто така и во многу маалски дуќанчиња ги носат само треба да се распрашаш по продавачките.Се надевам ќе ги најдеш
Девојки каде можам да најдам тесен најобичен фустан,песок боја или кафеава,може и крем или светло жолта ? да нема никакви додатоци значи и да не биде свечен..и немора да биде убав,само нека е тесен и некоја од овие бои,не ми е битно дали ке има или ке нема ракави..до 300 денари највеќе