Каде има некоја ташна црна слична на една во New Yorker што ја има, околу 1900 денари е, во таков стил. Многу е убава ама воопшто не ми се даваат толку пари за ташна
Добро луѓе сакам да прашам, што се замислуваат овие од Евроазија...Денес бев со надеж дека ќе си најдам нешто за реална цена, пишува дека има распродажба и 70% попуст..внатре истите работи што ги гледам со години, и по иста цена! Фармерки тотално демоде по 900 денари... Кошули фустани и сакоа, по цени исти како во сити мол во бершка и страдивариус, само што ваму се 10 колекции уназад. Стварно се изнервирав денес што изгубив толку време за да отидам таму и да разгледам.
Не ширете дезинформации значи не е аутлет туку е голема продавница на Астибо - Беас они го нарекуваат мол, има убави работи но цените барем според мене се превисоки
Навистина би сакала да ти помогнам но не знам од каде е фустанчето, меѓутоа можеш да најдеш многу слично, а ако имаш време може и исто да ти изработи Ива креаторката во Капиштец што е, можеш да ја најдеш на фб Ателиер бај Ива
Нешто демек моментално има попусти или нова е продавницата? Астибо не се само како за покласична гардероба? Ај отприлика ако можеш опиши што има, и колкава е отпилика цената на кошули сакоа...
мој совет, иди во елит и еко, ќе најдеш слични, а доста поевтини Инаку да, исто се изнервирав за претходната сезона, отидов на есен да видам што останало од летната гардероба, а они истите цени. Имам една сукња од пред две лета црна со розеви риги (ја имаше и во други бои) лето-зима си ја продаваат по 500-600.
Ќе може ли некој да ми каже дали во аутлетот што е во салата Борис Трајковски, има ефтини адидас тренерки? Некои убави модели...? Да знам да не одам за џабе
Девојки знаете ли каде во Скопје можам да најдам од оние crop top во тегет боја? Ми треба за да го искомбинирам со една суќна па ако знаете и цена да ми кажете би ми било од голема помош да не талкам по продавнициве