Ми требаат салонки негде 8 максимум 10 сантима високи со благ штиц, боја црна или крем до 1500 денари, ако има и за помалку уште подобро, ама каде?
Мимс, провери во Ил Камино. Пред речиси две недели проверував и имаше преубави крем салонки со нормална штикла баш осмица некаде би му дошло. Цената им беше до 1200 денари, можеби сега и ги намалиле ако имаат извадено и нова колекција. Провери дали останале бројчиња само.
Девојки, каде има огледала низ градов, доволно големи да можеш цела да се огледаш, од глава до пети, да може на ѕид да се закачи и ако знаете отприлика цени? фала
девојки ми требаат парчиња гардероба било да се маички, кошулки, нешто такво во неонски бои? Некој да видел некаде низ Скопје да ми каже?
Во Ил Камино,имаат катастрофални модели во последно време.Провери во Аванти и Шантел подобро,иако повеќето модели им се доста високи.
Можеш сама да го направиш, ако не најдеш. Од Бит Пазар земи на метро синџир и тие тракатанците во тоа кај QBE зградата ги има.
Мислам не :/ инаку имаат и други евтини работи од козметика, сјаевите не ги бива, али сенките се супер.
Здраво, некој да не знае од каде ги зема типкава ташниве или од каде ги порачува ? http://mojagarderoba.mk/tinapank-118 бидејки оние мајкл корс бело со златно на пазар во гостивар ги видов па ме интересираше каде да ги најдам без да дадам толку пари може и во ЛП.