Тоа првото сако е од Зара мислам, ама ланска колекција...а го има истото и на Алиекспрес го имам гледано. А за 1500 има убаво сако во повеќе бои (меѓу кои и црни) во Калиопе(за брзо може и ќе поевтинат, инаку сега се намалени од 1900 или 2000 на 1500ден).Мн убаво стојат..може и во покласична и во кежуал варијанта да се носат.
Вакви цветови ќе најдеш на битпазар. Кога идеш од кај Маровка, наместо да влезеш во пазарот, ќе одиш по таа улицата од калдрма од лева страна што ти иде...по должина на улицата има мн тезги на кои се продаваат ташни...мобилна галантерија...тепсии, нешто дрвени производи за во кујна..и си одиш до крај на улицата, ама до крај (при крајот некаде нели се влегува и во женски пазар, нема да влезеш во пазарот) ќе се развртиш и пред тебе ќе видиш продавница кај што се продаваат работи за китење за свадби..епа тука има Се надевам ме сфаќаш што објаснувам поз П.с. извинете што пишувам коментари едно по друго... ама не знам како да цитирам повеќе мислења во една порака
Официјално си го купив фустанот што си го имав замислено за апсолвентска, конечно го најдов, црно-бел е, штикли бели си купив, со мала штикличка и благ шпиц, и ми остана уште плико и марама голема бела. Каде да најдам плико, поголемо, елегантно, може и црно и бело, и со малку циркони или па и без, и марама голема за како наметка, бела и од квалитетен материјал. Дуки Дасо немат таков плик како што сакам, а и општо низ Гтц вчера кога шетав, не сретнав ништо што ми влезе у око.
Некоја дамска,интересна тиркизна кошулка низ Скопјево,и да,на попуст секако,поефтинка? *** И да ве прашам,во Аванти бил ли некој скоро како им стојат работите? Мислам за последни 2 недели некаде,има ли нови модели? И Шантел?
Девојки помош ! Сакам да си купам ваков фустан , но никаде не можам да најдам ... Се убив од барање... Предлози каде да најдам? Инаку ќе немам друг избор освен да шијам..
Не сум шетала во последно време низ градов, да разгледувам за облека, па ме интересира дали негде има ваква али иста маичка ? Пред неколку месеци сигурно гледав ама беше одамна .. Пеплум да е, без ракави и бела по можност ? Било каде во Скопјево и цена ако знае некој , фала однапред
Каде би можела да најдам вакви витлери ? Има некој ефикасни се или ... http://www.youtube.com/watch?v=lM1JXjQ4VoQ
Каде можам да ги најдам штикливе или слични на нив, во Скопје? Првите знам дека се од Зара, од ланската колекција, не сум била да проверам ама малце не ми се верува дека ги има уште, така да ако знаете и на овие слични, пријавете *** За да ја видите целосно првата слика, десен клик-опен имиџ ин њу таб***
Малку ќе бидам ОФФ, ама ќе си прашам (затоа што итно ми треба инфо!) Дали некоја знае каде можам во Скопјево да купам газирани пијалоци по пониски цени (потребна ми е поголема количина на лименки Кока-Кола, Фанта, Швепс)?
Јас исти вакви си имам купено од Колектива, не беа скапи, околу 200-300 денари само има 16 внатре и не ми стасува за цела коса. Така да ако начекаш да си купиш две