Директно од Пивара да бараш најефтино е. Само не знам дали продаваат така, мислам дека обично си имаат договори со продавници и кафичи. Ако сакаш поголема количина би требало да можеш да се договориш со нив.
На Кванташки или во тие дисконтите околу него. Има и кај ресторанот Мирко 919 едно продавниче кое продаваат пијалоци по пониски цени. Ако сакаш подетално објаснување пиши ми лп.
хммммм.........(знам дека многу барам ), ама има ли некаде да се купат низ центар, капиштец, аеродром, карпош? Нешто сум прилично во гужва, па да не се расшетувам низ градов...
јас имам вакви ама не сум многу задоволна. малечки се и неможеш целата коса да си ја свиткаш.единствено ако ги сакаш за врвовите само тогаш може дати завршат работа.
erica vo sutka istite startki se 900 niskite i 1000 viskolte ne se glupiraj da ofrcis 3000 za dzabe ke kupis 3 para tamu...ama sepak ti si znaes "_"
Луѓе да не знаете каде има да се купат оние кошули што имаат нитни на крагната и ракавите,знаете сега се хит,јас барав по некои продавници но не најдов никаде...
Знаете ли каде има ваков градник без прерамки ама поголеми бројчиња? Во Сара Фешн гледав и се се мали броеви а и цената им е 600-700
Девојки хелп....Кај можам да најдам мидер некој што убаво затега, а да не прелева кај ластиокот? не сакам од страните да ми излегуваат мевца... хаха (може и како фустан тие што се сечени под градите) И да не биде прескап... фала однапред
Другарка ми си купи од Принципе во Сити Мол, меѓутоа одтогаш помина можеби месец ипол. Кошулката мислам дека беше околу 600 ден
Оди прагледај во Lisca поскапички се но многу се добри пробај си има повеќе модели мислам дека најефтиниот е 800 јас имам таков
И јас ги меркам тие на Лиска. Еве овие ги имаат. Овие се антицелулитни гаќички Овој последниот е 1200 денари. Ги има во крем боја(капучино по нивно) како на сликата и црни. Како сте задоволни од нив?
Поефтини вакви скинати скини фармерки низ Скопјево? Па и немора да се скинати И топ маички,најобични,еднобојни,тесни.Штета неможам слика да најдам,инаку мислам на оние кои се малце во „срце“ форма во пределот на градите.
Најобични фармерки, без шари, без дупки, без циркони, без обелено на едно место, затемнето на друго место, каде можам да најдам во Скопје, Штип, Куманово?
Според мене во Куманово најголем избор на фармерки имаш во персин и во леџенд,има голем избор а цената е од 1000-2000 ден.Секако такви можеш да најдеш и до 1200. Имаш и во пинк екстра и во фри ама некако поскапички се.
Во Скопје во Манго и Пул енд Беар на друго место тешко да најдеш најобични фармерки мора да се со 300 детали на нив.
Во Ваикики во Сити Моли имаше убави, `нормални` фармерки за 1000 ден. Исти, ѕирни и во Мана, и таму имам гледано океј фармерки