има ли некој негде видено римјанки(по можност кафеави) ама да се поефтини,во сити мол се околу 2000 денари... и исто така да не знаете каде можам да најдам алка за нога и не многу скапа бижутерија освен кај бугарките? и уште нешто каде се наоѓа аванти во гтц ? фалааа
Jaс имам видено на Буњаковец пазарчето. Мислам дека беа 500 ден, но не сум сигурна. Човекот продава маслинки , бадеми , лешници на тезга.
Каде да најдам маичка као рамбовка ама да не е позади таква и со дебели прерамки туку нешто со потенки најобично ама во бебешка розева боја?
Не сум од Скопје но одам таму да купувам за полуматура..ако има некој разгледано нека пише убави фустани штикли итн. иии за во Куманово ако некој знае
Во стружанка има, малку се тесни горе надоле се прави, ама многу се убави. И многу убаво стојат, немаат низок струк и не се прават коленици и не избелдуваат. Јас пред две години си купив пет пара, ги убив од носење, за по комшии, за низ маало.
Здраво, во Скопје сум, барам фустан за апсолвентска, сакам да биде нешто како балерина фустан, ама да не биде толку свечен со чипки, сатен, или мрежи, туку да е поедноставен, по можност на кратки или 3/4 ракави. До некои си 2500 денари.
Вие што барате фустани, знам дека ќе ви звучи лошо и нема да ви се верува, али одете во шутка, преплавено е со фустани, свечени маички и сакоа. Видов неколку исти во Бисер и ГТЦ и беа дури и по 800 денари поскапи.
Стварно не знаев каде да прашам, па ај тука. Да не знае некој колку се Looking for Alaska или Paper Towns од John Green во Икона?
Дали во Космо има сетови на Clinique, нешто како овој? Кои препаративни производи од Clinique можам да ги најдам таму? Фала