Има, конкретно јас ги имам гледано во Космо ГТЦ сега последен пат кога бев. Имаш за препаративна сетови- т.е. сет за нега на лице, 3 во 1, имаш за креми сет, и толку видов зошто лосионите и кремите ме интересираа, ма да сигурно имаат и за декоративна. Провери си.
Има се, и сетови и креми и шминки, најснабдено ти е во Зебра и во Сити Мол, конкретно ова на сликава е гифт сет, даваат подароци ако купиш повеќе работи. Конкретно за препаративни производи мислам дека има се, јас користам крема, имам видено и гелови за миење лице, тоници, серуми, за сите возрасти има.
http://www.polyvore.com/cgi/img-thing?. ... d=56085187 Девојки ваков кармин низ Скопјево? Ја баравме насекаде бојава со сестра ми, ама послабо...
Еве нешто слично https://www.facebook.com/2340546833...0.1400259165./625640327511507/?type=3&theater Golden Rose Vision Lipstick No:124!
Да не знае некој каде да си најдам кошулчиња класични, цветни или во боја само не карирани низ Скопје?
Њујоркер, Страдивариус, Бершка, Калиопе, Теранова ... секаде има тенки, обични кошулки по пристапни цени. Кажете ми каде да најдам убава и мека бањарка по пристапна цена, која убаво ќе впива.
Каде има останато џемперчиња ?Некаде низ центар ако сте виделе?Се е летно неможеш џемперче или блузичка да си најдеш бре!
Во Котон има голема распродажба и има преубави џемперчиња и има И понуда за џемперчиња две за 590 .. а општо цените почнуваат од 190 денари ..
http://www.stradivarius.com/webapp/wcs/ ... olorId=505 вакви A-line сукњи?некој убав цветен принт,или може еднобојни.Околу 500-600 денари.
Женски, а кошула лелеава, светло розево до кај 700, ама кимоно? Барав по околниве Терранова, Калиопе, немаше. Т.е. и материјалот им е крут, како тул. А јас ја сакам по лелеава, да паѓа. Spoiler Бојата вака нешто, само без ракави.
Бершка, ги има во повеќе бои од таков лелеав материјал. Ама не знам како беа со цената, дали беа 700 или илјадарка, не ми текнува.