Сакам да ве прашам околу старките на Битпазар, која цена се високите и ниските, кои бои ги има и дали многу се приметуваат дека не се оригинал?..
Секако на некој пазари не секогаш се исфлекаат, затоа што се многу ефтини Незнам за тебе ама јас купувам во сите бутици зависно од тоа дали ми се допаѓа
Имаш прашано по аптекиве? Вчера мене ептен ми го препорачаа (многу глупаво и грдо се исфрлив по лице) и, наводно, го имало по аптекиве и било околу 100 ден.
Има на киоскот на Рефан во Сити мол. Има рол он и крема од чајно дрво. неможев слика да најдам, ама многу ефикасно е за проблематична кожа.
Убав чаршаф за ОКРУГЛА трпезариска маса? Онаков декоративен, само за прекривање на масата......? Сретнав во Џамбо но многу се грди, со оние метлички што висат.
Ај тука ќе прашам пошто мислам почесто посетувана е оваа тема па може некој ќе знае да ми каже. Каде да најдам степер ама оној за аеробик, не справата туку ваков:
Каде да најдам обични, шарени чаршавчиња за на голема, правоаголна трпезариска маса? Не свечени, туку најобични - ми требаат за секојдневно јадење (во пруги, коцки, цветчиња...)
знам дека не е за тука прашањево али очајно ми треба совет околу фиксатор за шминка. Некој што користи такво чудо да сподели мислење би била благодарна
Фиксаторот се става откако се ќе се нашминкаш, подобро е некој оддалеку да ти шприцне.Слично како лак за коса оддалеку што се шприца така и ова само на лицето.Во салоните највеќе го ставаат пошто таа шминка најчесто е за посебни пригоди и понекогаш терминот за шминкање е порано па да трае и да не се размачкува, или па на свадби од жешко и од играње се потиш и ти впива шминката, фиксаторот е за тоа да ја фиксира да не мрдне, само мислам дека не е за секојдневно да го користиш.Кога јас барав за мене да си купам имаше само на АРТДЕКО кај нас и на Голден Роус, тој на артдеко одамна го имам пробано другарка имаше и супер е а за другиов не знам.Инаку не знам колку е баш препорачливо ако често да го користиш ( ако воопшто имаш во план такво нешто) тоа подобро некој што разбира да ти каже да не те излажам.
^ За тој телефон имаш секаде маски и убави.На пазарче,сити мол,трговски.. Јас за мојот HTC Desire X барам убава маска и никако да најдам.Си купив бела и не ми се свиѓа..ја купив за да ми го заштитува телефонот,без маска одма ќе ми отиде
Денеска си купив од Зегин 185 ден малечко шишенце ама со оглед на тоа што се користат 2-3 капки дневно мислам дека ке ми потрае. Го пробав денеска па ќе видиме дали ќе има резултати.