https://www.youtube.com/watch?v=g1-NtcJKQdM Каде да најдам вакви растенглици врвки-жици што и да е ова во видеово? Сакам да си направам вакво ланче.. или ако некој знае каде има вакво ланче..?
Леле, те молам немој, вакви се носеа кога бев 5то одд, а тоа беше одамна. Можеби има останато на зелен пазар или на бит пазар.
^Им се врати модата сега, пола и повеќе од американските брендови на продавници ги имаат во новите колекции. Има една, блогерка ли што ли е Бетани Мота,прави видеа на youtube,она ги вметна во новата колекција нејзина и од тогаш се пак ин.
Каде има од неоригиналните Ванс патики некаде по можност црна боја и која им е цената? Ми кажуваа дека порано имало во она Six p.m продавниците но не знам каде се наоѓаат и дали има се уште?
Не се разбирам во патики оти не носам, ама ми требаат убави за ,,трчкарање,, наоколу. Значи битно ми е ѓонот да е како што треба. Ме интересира како сте задоволни од некои вакви, (поим немам како се викаат, освен дека се најк, друго не знам... ми изгледаат баш фини за долгометражни стоења ), каде да барам, отприлика колку пари се? И други предлози ако имате, добредојдени се. Spoiler Се надевам не сум офтопик.
Ауу знам за кои викаш, ги видов, ама многу ми се гломазни, јас кај што ќе бидам ќе биде жешко, затоа и сакам вакви, да ми диши ногата. Фала ти сепак.
Јас ги имам истите од Најк, ги купив за трчење (вежбање) ама ги користам за пешачење. За долгометражни пешачења се многу згодни и лесни. До сеа ни едни патики не ми се погодиле толку. Ама еве баш вечерва ги носев на пешачење и многу некако ми дојде топло на нозете.незнам зошо.Не ми беа испотени, мокри ама премногу ми беше топло. Дали беше до чорапите или до шо беше. Исто ист модел имам и адидас, скроз исти се само адидас. Исто премногу се лесни, згодни, меки. Е тие немам приметено да ми ја потат ногата. Јас топло ги препорачувам. И двата пара ми се најлесни патики шо ги имам купено до сеа.
Каде има купаќи за големи гради, освен у Лиска, значи не ми се дават толку пари на купаќи. За со корпа незнам колку ќе најдам, ама може и такви, само да се спастрени дињиве.
И јас го имам тој проблем секоја година... си купив лани во Сара Фешн од Тамара, овие два пара ми чинеа, инаку беа намалени на 900 од 1200 мислам. https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xaf1/t1.0-9/480125_336685983125246_464241056_n.jpg https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd...._=1409815831_50cb5a4da41417e675a462ee643279ba
А да видиш на алиекспрес? Јас баш гледав вчера има модели за поголеми гради. Исто во голден поинт имаат големи бројчиња ама треба да ги прашаш пошто не им се изложени со стандардните модели туку во фиока една им стоеа и нормално малце лимитирани беа со шарите ама можеш да најдеш убави, јас лани баш таму гледав едни розеви преубави земав и тоа можеш да ги подесуваш дали сакаш подлабоки да ти бидат корпите поплитки и слично
Дечки..се надевам не сум мн офф.. Абе, се почесто гледам девојки и жени низ град со чанти на Мона...значи во денот обавезно гледам некој. И тоа жени и девојки кои според остатокот од гардеробата не делуваат за некои со стил, или повисока класа (ако земеме просек дека е околу 6000д. една чанта на мона..) . Па муабетот ми е, јас сум во заблуда дека чантите се толку скапи (http://www.mona.rs/en/leather-accessories/), или има некаде кај што се наоѓаат за поевтино...или па стварно не и е проблем на секоја (еве да речеме) петта жена да си купи скапа чанта
b.o.n.i леле и јас баш истото се чудев, посебно дека носат и помлади, за возрасните ај ќе разберам работат и се, али 20годишна девојка? Инаку има големи попусти понекогаш и тогаш се наоѓа и за 3 и пол илјади, ама пак... Видов на алиекспрес продаваат некои имитации, може од таму им се, кој знае...
И јас имам приметено дека во последно време секој пети е со Мона ташна ,но не ме чуди бидејки како за квалитетот не се многу скапи.Помалите и како плик им се околу 2000 а големите од 3500 па нагоре што за квалитетот кој нудат не е воопшто скапо. Сепак Мона е инвестиција во ташна која ке ја носиш со години и конец нема да и пукне за разлика од останатите низ град.
Да, искрено ги препорачувам ташните на Мона. Јас имам неколку и наместо да купувам секои два-три месеца нова ташна, јас годишно си купувам една од Мона и душата им ја вадам. Исто се како првиот ден. Понекогаш има и попуст од некои 10-20% на кожата во Мона... Како и да е иако се скапи, топло ви ги препорачувам.