барај ја како креп трака, ја има во продавници за бои и лакови или железарија. Се користи за покривање на лајсни на паркет, прозори или штекови за време на молерисување и многу лесно се вади потоа без да остави траги. Околу педесет денари е.
нокти некои во дм имало само се ставале,се лепеле појма немам што и како ама изгледале како твои да се.знае ли некој какви се и колку се доколку навистина ги има ?
Ја има и во Штедлер, јас ја користам за лепење хартија. Не е скапа, личи на селотејп ама не е, многу е помека и не ги кубе ситните влакненца по кожата. Побарај им креп трака, но во никој случај да не биде од таа со рапава површина која лесно се кине.
Убави и не многу скапи маски за iPhone низ Скопјево? А и многу сакам ваквов бикини http://www.celebitchy.com/wp-content/up ... 04/kk4.jpg или уште подобро http://www.pinterest.com/offsite/?token ... 2450936001 Не знам некоја продавница во Скопје што има купаќи за поголеми гради?
Во кој дм го има лосионов за тело? Го барав во неколку дм маркети ама го нема, сега скоро го купувавте или поодамна и да не го имате видено сега некаде?
^^^Бељата со ДМ е што не ги имаат истите продукти во сите маркети, но и тоа што може да помине некое време додека повторно да ги добијат, ако воопшто и ги добијат. Особено треба да се внимава со оние продукти кои се лимитирано издание - ако ги начекаш, грабни ги и правец каса, не оставај за другпат. Мене уште ми е криво за колекцијата со чоколадо
Да да знам дека им се лимитирани, и ова од пред некое време гледам на форумов го зборат и неколку пати го барав и во сити мол и веро и го немаше, и во белград го немаше..
Оние тесните маички без ракави со голо стомаче? Сега не баш да бидат до под гради ама некаде до кај папокот. Црна барам, без никакви шари и тракатанци.
Женски од каде се купува таа нараквицата за отстранување на шминка некоја имаше пишано во темава а сега неможам да најдам мислам од Божен марката беше
Дали некој знае каде да најдам костим за капење во ретро стил ( со висок струк)? И дали стварно можат да го сокријат стомакот?
Незнам Дали ќе го прочиташ ова пошо јас малку доцнам .. во гтц до сет има една продавничка за чевли и видов на излог гумени чизми намалени на 450 денари со зебраст принт .. ако имаш можност оди и разгледајги