Вчера бев во Веро центар,и таму во таа продавницата за очила за сонце,видов дека има попуст.А за тоа колкав избор има не влегов да видам. Исто и во Рамстор,во таа оптика има попуст,сум видела на поминување.
Во оптика Визус, до скоро слушав на реклама дека за секој купен пар даваат еден гратис, ама незнам дали уште им трае акцијата. На ул. Македонија негде се наоѓа оптикава, па ако ти е на поминување провери си
И јас цело време тоа прашувам..ама асален попуст нема...во веро -за оttica italiana мислиш? бев и нема којзнае каков попуст,-само да те залажат...затоа одлучив да си порачам преку нет од странство си најдов модел и цена само сакам да ја запишам шифрата на моделот и да побарам дали го има кај нас за да ги пробам и ако ми стојат да ги нарачам само немам баш искуство па ако сака некоја да ми каже како да ги порачам,од e bay Spoiler инаку еве ги очилата http://cgi.ebay.com/ws/eBayISAPI.dll?VI ... 0448963394
Денеска конечно им кажав БАЈ БАЈ на чизмите, и преминав на балетанки, и сакам да си купам некои цели со монистра. Не онакви со светки, туку со монистра, за да не светат многу. Знам дека можам сама да си направам , ама ако видите дека некаде се продаваат известете ме
Maja, јас имам едни од Трафик уште од пред 2-3 години, не со монистра, туку како со топчиња шарени сите залепени само на едната страна на балетанката. Маста им ја извадив. Почнаа да ми паѓаат топчињата ама земав сама си зашив уште поубави. Провери во Трафик, иако мислам дека уште е рано, таму има најголем избор на балетанки. А ако видам некаде, ќе те известам.
има во трафик преку 50 модели различни цените им се од 390 до 800 ден,малку застарени модели ама може да се најде нешто имапе такви со монистра!оди провери
Бил ли некој од вас во индиската продавница Арабеска? Ме интересира како се движат цените, гледав на нет , имаат интересни работи, ама никако да поминам од таму...
http://www.christianlouboutin.com/#/our_boutiques Како што видов има во Грција, Хрватска, Турција. За цени појма немам, ама Европските попусти не се исти со Американските кои имаат пониски цени и поголеми попусти и распродажби. Има значи во Солун најблиску. Како и да е мене ми се недостижни, а не ни имам преголема желба, јас одвај штедам за на одмор да одам па камо ли за едни Лобутинки. Не се тие за мене, за наш стандард, за наши раскопани улици. Колку ти е чергичето толку ќе си купуваш. Јас ќе си купам фејк лобутинки од Шутка
Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции Ајде моми охриѓанки да ми кажете кај има попуст на фармерки, пролетни палтенца, патики во Охрид и по можност објаснување кај се наоѓаат продавниците/бутиците? Утре планираме да идеме натака.
Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции Девојки дај кажете каде во скопје можам да најдам некои пролетни чевли,не балетанки,по можност на платформа за преку ден, за на факулет и сл.Бев во трафик таму пак уште намаление има,во гтц или во њу јоркер кажете ако има нешто ново
Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции Во њу јоркер бев пред некој ден има нови балетанки само ама воопшто не ми беа убави
Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции Луксче, да ми ги пздравиш Охрид и езерото. Јас не сум таму и не знам кај има попуст, ама за локацијата на бутиците не можеш да згрешиш: се‘ живо ти е по чаршија
Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции ^Договорено Хипи , ќе ги пренесам поздравите и сега уште останува да ми каже некоја за попусти кај има, ако воопшто има,зарем е можно вие што сте таму да не знаете ? Итно ми е, благодарам.
Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции Лукс колку што забележав претходниот пат (пред повеќе од една недела), имаше попуст во Васидора. Таму види за палтенце, ама пролетните тешко дека ќе се намалени За другите не знам, ама нема многу продавници, ќе забележиш по излозите објавен попуст. Адидас, Пума, Најк и Конверс се за спортска опрема, во пет метра растојание се наоѓаат сите и нема да ти е тешко да ги провериш четирите. Има еден поголем бутик само не ми текнува како се викаше... на излогот ќе видиш Timberland патики, и облека од Мис Сиксти. Не е важна облеката и тоа што изгледа скапо, влези внатре, често се случува да има попуст на патики. Провери за секој случај. Се’ е во чаршија