Каде каде да си купам наметка за на плажа. Видов многу убава во Теранова ама бојата некоја дреч жолта ич не ми се допаѓа, а само таа боја им беше. Сакам да е нешто како на сликиве и да не е поскапо од 1000 денари, а се што е и поефтино до тоа би било супер. Боја би сакала да е бело, ама и црно доаѓа во предвид како и некоја ок земјена нијанса или тиркиз. Шарено исто така може али да не е претерано. Значи барам некое моделче слично ко на сликиве или ко тоа у Теранова ако сте го виделе. Кажувајте ајде
женски после семафорите од зелено пазарче кога идеш кон кисела вода одма до месарницата има една продавничка за чевли има многу убави и ефтини да не знае некој како се вика и дали има фб страна?
Јас имам вакви, долниот дел е ист ама горниот ми е со корпи, ги купив на зелен пазар мислам дека 600-700 беа така нешто, можеш да одиш да провериш, мислам дека има
Девојкии ве молам ако знаете каде има вакви шешири и цена ако знаете ве молам кажете зашо стварноо се преубавиии слични на овие али вака нешто да бидат....
Каде можам да купам штикли од ваков тип,крем или црни сеедно? Знам дека повеќето продавници би ги имале,ама ептен сум кнап со време,ми требаат од утре за утре. Само не ме праќајте во Зара видов дека имаат вакви крем само 4000 денари се. Spoiler
На семафорите кај Тутунски има продавница за штикли баш на ќошот, ваков модел во сите бои видов (жолти зелени црвени) од излогот на поминување пред некој ден. Сигурно има крем и црни, цените им се обично околу 1500-2000, ако ти се исплати да отидеш да ѕирнеш.