Добри попусти на фармерки низ сити мол има? Лани се сеќавам начекава баш попуст, се изнакупував фармерки по 400 и 700 денари од бершка и теранова. За ваков попуст прашувам а не фармерки од 2000 намалени на 1600.
Дечки, да ве прашам, слушнав дека во Ск. во парфемерија Schatzie ги имало оние мачкини очи очила, па сакав да прашам пошто одамна ми кажаа, има ли уште такви?
Девојки сте виделе ли некаде бела убава кошула, од пријатен материјал што не се проѕира премногу? Вака сакам да биде малку поширочка и подолга или со еден збор - комотна, и ракавите обавезно да се завратуваат вака со копче.
Јас таква многу, многу слична купив пред некое време од Теранова, чинеше 700 денари. Долга е речиси цела рака под задникот, многу е лесна и комотна. Провери дали имаат останато уште, кај јаката се како на V-изрез и ги имаше во повеќе бои.
Бикини барем налик на моделите на Traingl? Би си нарачала од нет, ама касно ми текна, ќе заврши летото додека да ми стигнат...
Кај нас вакви нема, братучетка ми бараше пред некое време, рече ги нема, не нашла нигде. Единствена опција е преку интернет.
Дечки случајно да не' знаете колку се пари овие каишки.. А и каде можам да најдам бела кожена каишка и колку се движи цената
Во гтц пред некое време поминував и имаше една продавница на која пишуваше нешто како огромен попуст, со една другарка имам купувано фармерки таму и не беа лоши стварно а имаше и за 500 и за 800 денари
Дечки ај мала помош, ми се допадна модел на Саб Охрид, го имаше во скопските продавници на Свон но не можам да најдам број. Може ли некоја да ми каже каде се во Скопје можам да најдам модели на Саб или можеби го видела моделов некаде... Исто така бидејќи викендов ќе бидам во движење, ако види некоја Прилепчанка нека ми пише дали некаде кај вас можам да го најдам овој модел. Ќе ви бидам многу благодарна!
Мене мноогу ми се допаѓаат и ептен сакам да си купам, ама досега ги најдов само на интернет (Асос), а кај нас имаше во Зара ама пред еден месец, и тогаш ми беа скапи за да ги купам,сега незнам дали имаат.