Еве слично фустанче... Знам дека не е истиот дизајн како твоето на сликата, ама моделот е речиси ист, башка е ефтин, мислам дека ќе ти заврши работа
Денес видов дводелни купачи со висок струк во една продавничка во ТЦ Буњаковец. Продавничката се наоѓа на крајот од трговскиот (ако доаѓаш од Центар), на приземје, ќе ја одминеш книжарницата на Топер и тука во тој ред е, гледа накај булеварот. На излогот се изложени купачи, нема шанси да ја утнеш. Имаше неколку модели со висок струк, имаше и поголеми броеви. Утре работи до 16.00 часот, прашав бидејќи сакав утре да си купам купачи. Не знам која цена беа, мислам околу 800,00 денари, а може да беа и поевтини.
луѓе хитно ми е каде да најдам сандали на штикла? ама штиклата да биде средна да не биде голема,зашто јас ретко носам штикли ,па да можам да издржам на свадба
a obicno toa sto go ima vo duki&daso go ima i na bitpazarza duplo poeftina cena Proveri i na bitpazar ete, ima sigurno vakvoo
гел за миење лице на биотен имате ли сретнато некаде? Креми, млека, тоници секаде гледам, ама гелов не можам никаде да го најдам
Каде можам да купам во Ск чорапи со чипка на горниот дел, кај ластикот? Многу сакам, а неможам да најдам...
Еве една девојка што изработува, контактирај ја преку Фејсбук, побарај во сликите, има многу убави венчиња https://www.facebook.com/Simscolorfulworld
Во Сара Фешн има, од 250-450 ден беа. Купив неколку различни вида. Најквалитетни тие од 280денари што беа мислам, само ја фрлив паковката да ти кажам кој модел беа. Муабетот ми е поскапите се потенки и одам ми се скинаа, да си знаеш.
Има кај ред кафе една. Искрено попрво би си купила лосиони и тие ствари од Космо ( цените се исти ) или ќе си ги порачам преку некоја страна, не од тука. Додека за купаќите мене воопшто не ми одговараат. Немаат ниту пуш-ап ниту пак се такви сунѓерести. Цените се доста високи за така обични модели, и никакви матријалчиња. Можеби ќе одговараат на девојка со совршени пропорции 90-60-90 ама за девојка со мали гради не.
Сите прашувате, а никој не одговара. првин одговорете на нешто што знаете па сетне прашајте..сите сакате да ви се најде некој во пресрет, а за другите баш ви е гајле.