Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции Заврши попустот во васидора. Колку што имам видено, нема некои попусти сега. Ама во модатекс има блузиња и фустанчиња со прикладна цена. Појди,види си.
Чевли Мислам дека имам видено слични вакви во продавницата за чевли кај Unique, не можам само на името да се сетам.
Чевли вакви имам видено во кинесконо гари мислам дека се вика ама пониски и напред не се со толку голема платформа
Има во Спрингфилд патичиња со цветен дезен слични на овие, малку се поситни цветчињата, но премногу се слатки Башка ефтини се - 1700 денари. Многу ми е слаб интернетот, не можам слика да побарам, ако не ти е мака тркни до нивна продавница, се надевам ќе ти се допаднат
А каде се наоѓа Спрингфилд? Јас не сум од Скопје ама планирам да доаѓам да си купам неколку пролетни парчиња облека и секако патикиве кои всрце ми влегоа Не давав и јас досега за патики многу пари , си купував до 1000 ден. ама овие ми се Must have !
Спрингфилд има во Рамстор и во ГТЦ. Ама во тој во рамстор има повеќе женска облека. Во Рамстор е одма до Котон, односно од влезот (тој што е од страната на саат кулата) одма лево. А во ГТЦ од страната на Кара, Калиопе, Хепенинг... незнам како инаку да ти објаснам, ќе го најдеш
Во подобро снабдени бижутерии мора да најдеш. Голем избор на женски саати има во Софи во Гтц пред Евроазија
Си видов едни чевлички од Il Camminо во трговски ама немаше бројче, па освен во ГТЦ, на бит пазар и на ул Македонија има ли на други места? За секој случај секаде да си проверам оти ептен ги посакувам Има и други или овие 3 продавници се само што јас ги знам
има уште една продавница на ил камино на бит пазар, ако не си била и таму, таа се наога погоре од полициската станица бит пазар, значи кога ке стигнеш пред станицата ке одиш се право до крај па потоа ке погледнеш десно и веднаш ке ја најдеш голема е одма ке ја приметиш.
Да не видел некој чизмички на полна плута отворени напред? Ја до сега у Њу Јоркер видов само, па ако видел некој на друго место нека пише.