Фала на брзата помош , еве и кој сака друг да си купи со попуст има на Групер http://grouper.mk/skopje/deal/advance-m ... ome-ps156b
Дефинитивно Теранова, 200 ден беа, конкретно ги видов во Сити Мол, имаше повеќе останати ама тоа беше пред повеќе недела дена, се надевам дека не се раскупени.
Каде можам да најдам оние boyfriend jeans низ Скопје? по можност да се на попуст или па не многу скапи ..
Во ЊуЈоркер имаш сигурно,јас ги пробував, 1800 се едните а другите 2500 мн се јаки,има неколку модели
Девојки ај помагајте, каде може да најдам вакви црни хеланки, ми требаат под итно? Овие на сликата се од Бершка, но немав срека да ги начекам.
Девојки дали сеуште работи продавницата на New balance со локација во гтц (и каде точно се наоѓа) , или каде на друго место би можела да најдам патики од нивно производство ?
Јас имам видено нивни патики во Соравија во една од спортските продавници. Има ли попуст на патиките за трчање и вежбање низ Скопје или уште е рано ?
Уште е таму, а конкретно се наоѓа во редот на продавници кои гледаат кон кафичите и е на самиот крај на трговски, одма карши е уште една продавница за патики и спортска опрема.
Еднаш прашав за овие наочари имитација на RayBan Clubmaster кај ги има низ Скопје и ми кажаа во Vero.Ама побарав и ги немаше.Видела ли некоја некаде исти?
Каде да најдам ваква лента за коса ? Да не биде ептен ко за невеста и да биде БЕЗ ужасните цветови кои ме потсеќаат на Билјарката.
simoncelicius, кога бев последен пат во Калиопе ко да видов нешто слично, кратки панталончиња со чипка, имаше некој девојчиња баш собрани околу нив, не можев убаво да разгледам, ги дрпаа, копаа да најдат броеви, ѕирни си, може уште и да има нешто останато. Mishela, да видиш кај тие продавничките на Битпазар што се?
Во Тетово имало некоја продавница ДАДО ли незнам точно како се викала,се наоѓало балетанки и сандалки по 500-400 денари,од кај мене скоро пола град од таму изнакупил Ако има некоја Тетовчанка нека каже подетално
Машки и женски кожени паричници кај има во Скопје? За женски знам во Мона, ама цените кои се? Знае некој?
Во Теранова и во Страдивариус мислам дека видов, може не иста ваква ама слично нешто.не приметив колку пари беа, ама некаде 1200-1500 денари отприлика
Во случај да не можеш да најдеш тука, можеш да си порачаш од Али http://www.aliexpress.com/item/free-shi ... 0.html?s=p