Девојки, вакви кондурки или нешто слично на нив, уште подобро ако се на пониска штикла, онака за секој ден за пешање да се удобни. Сте виделе ли некаде?
Иако летото е при крај, мене како што си кажав ми почна тек пред две недели. Нејсе, каде може да се најде ваков фустан или наметка или како блуза? Секако да не мора од хекланите чаршави на баба ми да преправам. До година ќе си направам сама, зимава се канам да се учам да плетам, не од целибат, ами од желба и медитативно дејство.
Девојки каде да најдам ваква или слична зимска јакна..за пристапна цена http://zenstvena.com/wp-content/uploads ... kne-11.jpg
во веро во евроазија кога влегуваш оди накај гардаробата и ќе се одма таму се , евроазија гтц или онаа кај теранова вчера гледав имаше секаде мислам
Беше денес некој до Рамстор? Што има останато од Гараж сејл-от,како беше претходните денови? Нешто од фармерчиња цевка,тренерки...? Се разграбано е?
Едно прашање, извинете ако е несоодветно за темава. Дали може да заменам нешто во ЊуЈоркер за друга величина? Ви благодарам.
Не сакам да правам реклама ме интересира дали некој има искуство со странава? https://www.facebook.com/PatikiSkopje Гледам патикиве се прилично ефтини,им пишав порака ми кажаа демек со сигурност им биле оргинал патикиве ама мене некако не ми се верува,па сакам да прашам дали воопшто постои некоја продавница каде што се наоѓаат патикиве,или пак се работи за препородажба со патики порачани од Алиекспрес,па овие вршат порачки низ цел Македонија? Инаку се заинетересирав за Air Max патики,цената им беше 3200 денари,а во мојов град во спортска продавница речиси слични на овие беа 4700 денари.Затоа прашувам Фала однапред
Јас земав кошула од таму, кога си дојдов дома видов дека е скината, немаше здрава па ми ги вратија парите. Така да, отиди со фискалната и треба да ти ја заменат.
Ако станува збор за стари модели на патики, сосем е можно да се оригинали, купени за багатела и сега ги шиткаат кај нас (како лани кога се продаваа прастари модели на Најк за 2000 во аутлетот кај Борис Трајковски). Прашај ги дечките од фб за колку време може да ги купиш, ако ги имаат на лагер, тогаш мислам дека вреди да ризикуваш но ако ти кажат дека треба да чекаш додека да порачаат, подобро побарај ги истите тие модели на ибеј и али, сигурно ќе ги најдеш за упола цена
Можеби прашањето не е баш за тука ама повеќе е посетена оваа тема, каде точно во Скопје ја имаше кремата Хоби за виткана коса ? Во Космо и ДМ ја нема, ако знаете со сигурност каде ја има да идам праву таму да не лутам по Ск .
^ Не знам точно за овој производ, ама знам дека Hobby производи има во продавницата на Голден Роуз во ГТЦ. Ако некој знае со сигурност - нека ме поправи
Знаете ли каде можам да најдам машка маица со знакот на Супермен? http://www.shirtstore.se/pub_images/large/superman_blue_22526.jpg
Не се залетувај, тие зелените патики што се на Најк ги имаш на Али и ти се далеку поефтини од оваа цена на странава. Сите страни што се на Фејсбук као патики, накити, ташни.. се е тоа од Али и од Ибеј, нормално со повисока цена.