Да не знаете колку отприлика се движат цените на ваквите панталони? Ве молам пишете некој ако знае пошто многу итно ми е.
Мислам дека вакви слични видов во Body line и беа околу 1.500 ама тоа беше пред една недела коа ги видов..
зависи од каде, иначе можеш да најдеш и за 900 или 1000 ден во елит или во еко,ама мислам дека не се повеќе од 1800 никаде до сега каде што сум ги видела низ гтц и рамстор!
Багуфче, зависи каде бараш. Во Скопје цените им се движат од 1200 до 1800, зависи од бутикот, а и од самиот материјал. Има значи, од полесен материјал, а има и некои од материјал баш како што носат мајките панталони на работа. Ептен се кренати цените, ако се земе во предвид дека кај нас каснат малку повеќе. Јас во Зара за 13 евра си купив.
Во ЊуЈоркер има нови, прекрасни се. Значи горе како корсет, од средина на стомак почнува цветното, со плави нијаниси е, и по средина има како патент. Преубаво е, јас се заљубив кога го видов. 1600 беше, ќе почекам да го намалат зошто е тазе сега, па ќе си го земам
За Багуфче Денес во Лептокарија видов прекрасно фустанче со цветен дезен, кратко, струкирано, без прерамки, под градите има бел растеглив каиш и боите се кремави со светло розе...Јас се заљубив во фустанчето..Бутикот се вика Позитив...Иначе цената е 1900 ден , ама се кладам дека ваков модел нема лесно да се најде...Јас од понеделник планирам да си го купам и ќе гледам да ставам слика тука и да ви го покажам...Ќе ги прашам за попуст - ако дадат супер, ако не ќе си го платам 1900... Вреди!
Луѓе доаѓам од NewYorker и не видов фустанче за лек ... сакам пролетно, секојдневно, слепено до струкот и и надоле да паѓа пошироко...како тоа natty што го опиша...Помагајте
Како нема ништо јас баш сакав утре да одам да си го купам фустанчето што го видов пред неколку дена , се надевав ќе го има уште беше баш слично како што го опиша ти, имаше сиви, црни и тиркизни и беше 850 , џабе не е фер
лујџе каде да си купам убаво памучно фустанче, со долги ракавчиња, по можност црдно, и долго до колена да не е над 1200 денари во велес видов едно преееекрасно за 1100 денари Aма тоа беше оддамна, така да не знам дали уште ќе го има Mи влезе во срце... и сега барам некое такво Aјде мало хелп
Феминки да ми кажете ако знаете некоја парфимерија, дрогерија, маркет кај што има попусти на декоративна козметика. Треба да направам еден мини шопинг од сенки, моливчиња, кармини, сјаеви....ама да е онака нормален квалитет и не многу скапо. Несакам од тие ептен ефтини што се на пазарче, зашто страв ми е да ставам на лицево (за лакови нема проблем ).....значи нешто онака солиден квалитет, и попустче некое ако има Тенкју
Некои патики, ама квалитетни што ќе си ги изнаносам и нема брзо да ги скинам зашто само што фрлив 3600 на старки од Конверс пред едно 2-3 месеци и лом ги направив, зашто имам многу неправилен од и ги кривам нозете кога одам. Може да се и старки, зашто многу ги носам.
Јас само сенките можам да ги коментирам од таму, бидејќи имам неколку, и ми се за онака...колку да ги користам, иако над нив поминувам со други. Јас сум многу задоволна од сенките на Авон. Додуше само од тоа и сум задоволна од таму, не дека се сум пробала. Менхетен сенките се убави исто така, мислам дека не се многу скапи и Кара. Не знам дали уште ги држат. За сјајчиња поевтини, не знам на која цена мислиш ама на Менхетен се со добри бои, а за разлика од Лореал на пример се поевтини дупло. Мене ми ги имаат фалено Golden Rose, за повеќето производи. Се токмам да проверам што имаат, ама се ме мрзи. И од сјајчињата на Авон, задоволна сум само од тие со темни нијанси, тоа неутралните бои што им се, светлите нијанси, крш.
Сакам наочари за сонце да си купам, али не мора да се брендирани и скапи...Обични некои, ама со интересен дизајн и сакам веѓите да ги покриваат...Каде можам да најдам? Фала однапред
Евтини, а убави има во Шатци парфимериите.Не сум купила за да знам каков им е квалитетот, ама се наоѓаат убави