Каде можам да најдам црни гумени чизми.. Наједноставни, со некое каивче или нешто дискретно? И по можност ефтини
Каде се најефтини ваквите тетратки, А4 со тврди корици? http://tozmk.com.mk/Images/Products/0731-0211064314.jpg
И мене тоа ме интересира, дали во Ск некаде има, јас ја контактирав девојката ама 1 000 ден ми е многу
Каде може да се најдат цветови, рози како овие венчињава? Ја прашав девојкава Мартина, монро како и да е и 850 денари за обично венче НЕ ФАЛА Има еден куп туторијали по јутуб и мислам за таа цена вреди секој сам да се обиде. Летна малку девојкава во облаци изгледа Иначе каде се наоѓаат цветовиве и по која цена? Да видиме како ќе иде
Јас можам да ви изработам какво ќе сакате Пратете ми преку лп слики за какво сакате и ќе се договориме и за цена и све.Лично сметам дека 850 ден треба позлатено да е па толку да ви бара .Во продолжение дел од моите изработки.
На пластичарската улица има една продавница одма на почеток за вештачки цвеќиња е целата ,кога ке влезеш одма кај касата што им стои има цели паковања (од прилика внатре има околу 20 цветови) во секакви бои и цената им е од 150-200 ден едно паковање.
Женски, дали имате видено маичка со Бетмен апликација? Видов по пазариве нема, а во трговскиве не сум прошетала. Ако знаете и цена, би било фино
Девојки, кај да најдам вакви есенски чевли? Знам дека ги има истиве во Бершка, а вакви исти немам забележано по другиве продавници... Инфо од некој?
Platoniclover15 користени се 3-4 сенки тука, инаку на есенс единечните металик глам има вакви, 120тина ден. се.
850 денари за венче???? За 250 денари имате тука подобри https://www.facebook.com/mm.accessories.handmade
Провери во продавницата за пижами и долна облека до Европа во ГТЦ, во Екстреме Интимо во Соравија можеш да најдеш на попуст (има аутлет парчиња, јас купив пред некое време за 400 ден), Стружанка, Сара фешн, OVS, Теранова а може и во Џамбо да се најде нешто
Пред една недела видов во ил камино во веро центарот. имаше црни и кафени мислам. и го гтц, исто во ил камино имам видено ваков модел, не беа еднобојни, ама преубави...ако прошеташ деновиве, па извести ме, и јас сум кандидат за купување на вакви чевли, едни имам, ги сокинав од носење, многу ги сакам
Сакам да пробам сама да си направам. Ако не е тешко кажи од каде ги набавуваш цветовите? И не, не ви крадам бизнис, слабо ми оди мене таа работа
ДЕвојки дај кажете каде да најдам убави сукњи со висок струк business skirts, или за работа, не знам како да ги наречам. И да биде евтино за да можам неколку да купам.. Фала
јас нарачав од овде и сум мн задоволна од девојкава еве линкче https://m.facebook.com/profile.php?id=1 ... f=bookmark
Воопшто не ми е тешко,илјада пати имам пишано.На секој пазар се продаваат вештачки цвеќиња. Јас моите ги зимам од зелен пазар Со среќа,дај боже да ти испадне убаво.Не фрлајте пари по продавници за овие работи,коа може сами да си направите