^ Да се надоврзам, зашто и јас имав сличен „проблем“ како овој. Проверувајте почесто, обично за кратко време откако се потрошат пак ги носат. Јас имав мерак за црвена рамка, од оние најобичните со сликичка од макарунс во рамката, ќе ви текне сигурно. Ги немаше црвените некое време, ама често проверував и на крај ги начекав. И јас пред некое време таму видов иста таква како што бараш, Kitten.
На автобуската кај Билна има еден бутик Сара (не Сара Фешн), има купаќи комплет горен и долен дел за 500. Може ќе си одбереш нешто.
За околу отприлика еден месец сум на свадба кај драга личност и во потрага сум по фустан. Сакам долг, чипкаст, по можност со гол грб а и не мора, и да не е залепен за тело туку од некаде над стомак да паѓа слободно надолу. Видов еден во бутик Енџел во Ск но имам видено мал милион девојки со таков фустан а и + е залепен за тело. Цената ќе речев дека не ми е битна но за фустан што ќе го облечам на 2-3 свадби повеќе од 200 евра баш и не ми се даваат. Еве отприлика каков фустан имам замислено. Би шиела, но овде немам услови, а кога ќе се вратам ќе немам време за шиење, па ако некој знае каде има вакви модели на фустани ве молам пишете ми.
Исклучиво црна, тегет или сива (пастелно) кошулка по долги интересна да биде и не само кошули туку ми требаат и некои блузички по долги за сезонава, може и потенки џемперчиња... Видов јас едно убаво ама не ми се дава 1000 денари за блузичка па. Каде девојкии кадеее да најдам
Девојки, утре планирам да идам до град, па би сакала да ми кажете ако некоја знае каде има попусти и убави работи xD :3
Јас бев низ трговски пред недела дена и се беше на попуст. Ми рекоа дека сега требала да им стигне нова колекција па се беше на распродажба
Ахаа доброо фала а низ рамстор нешто? И уште едно прашање да не знае некој како се движат машки шорцеви најк?
Јас имам ваква блуза, само тегет со бело, од грчката Бершка, ја земав годинава, па провери кај нас можеби ќе најдеш нешто.
Каде може да најдам во Скопје ваков модел на црни чевли, ми требаат под итно??!!! ПОМАГАЈТЕ ДЕВОЈКИ!!