Девојки каде да купам убав накит до кај 1000 денари за повозрасна особа за подарок ми е? Освен Дуки Дасо?
Parfois во Рамстор имаш и во Сити Мол, ама рачунај дека за тие пари можеш да купиш само поединечен накит, ланче, пар обетки и слично. За тие пари нема да можеш да направиш комбинација доколку сакаш повеќе работи да искомбинираш, прилично им се високи цените ама имаат преубави работи и доста квалитетни.
каде да најдам убавка црна кожна јакна во ск? (не вистинска кожа да се разбереме ) нешто вака... до кај 3000-3500 ден.
Знаете ли дали и каде почнаа по продавнициве низ градов да носат јакни така по долги и подебелки како за зима? Само да не бидат екстремно скапи пошто сум малце тенка со пари Нешто вакво на пример
Некоја да не знае каде можам да најдам добри патики низ Скопјево до кај 1500 ден, само да не се платнени.
Те сваќам, и јас цела вечност барам џемперче со срциња кај нас Само еднаш начекав во Спрингфилд нешто слично, црвено кардиганче со бели срценца ама имаа останато само С и ХС величини. Овие од Али да не беа стандард величина, веднаш ќе си порачав Види во БС, имаат за 600 ден сосем океј патичиња, од оние што се со нитни од страна. Исто и во Орка имаше Лининг патики за околу 1500
^ Македонија, шта чеш. Инаку во Борис провери за патичиња, јас последен пат Бритиш Најтс си земав на попуст, преубави, ги носам 2-3 месеци, ептен удобни се.
Девојки каде да најдам рамки за слики ама не мали, не големи, туку средни? Ама, убави штосни, бев во Џамбо ама повеќето беа за на ѕид. И некоја убава кутија за накит ?
Аххх денес видов слична јакна како на сликата, мислам уште поубава е отколку на сликата. Позади делот е малку подолг од предниот, ама многу добро изгледа, додуша само во црна боја ја има и преубаво стои. Во Calliope во Сити мол за 3000 денари Немав пари, тукушто купив слична за есента и ова ми дојде премногу, ама ми се допадна како стои.
Во Мамут има многу убави рамки и кутии, само немам забележано дали уште работи таа кај рекорд, инаку имаш и во Сити мол.