Каде да најдам вакво ланче? само да не биде од алиекспрес затоа што неможам да чекам.. и како се движат цените?
Во Accessorize, јас си купив од таму пред месец дена преубави новчаници имаат, секад кога ќе влезам таму како маѓепсана сум све ми се свиѓа!
http://www.aliexpress.com/item/Wint...waist-A-word-skirt-Korean-sub/2040496999.html http://i1063.photobucket.com/albums...e/Belted-Short-Skirt-Collage2_zps4eeddaf1.jpg Ваква сукња? Таа што ја најдов на алиекспрес нема фидбек, ниту еден коментар.
Малце офф, ама... Оваков тип на скејтер сукња не ти би препорачала да порачуваш онлајн, имам читано многу коментари дека биле прекратки и не можат да се носат со повисок струк... Најдобро е да се пробаат пред да се купат
Провери во Мана. Скоро секогаш имаат такви сукњички, јас пред неколку месеци си купив црвена, а другарка ми пред скоро ми кажа дека начекала иста таква како мојата, само црна. Проверувај почесто, секогаш имаат.
Женски, има ли добри фустани по Велес или Свети Николе? Утре ке тражам фустан, ама не знам ниеден бутик. Под “добри“ мислам да не се од оние сатенски со циркони и каменчиња.
Девојки каде можам да најдам вакви штикли, ама да не бидат многу високи отприлика до кај 10цм? Одамна си барам и каде и да отидам или се превисоки или нема број. Имате видено негде?
Во Шантел ГТЦ или Кисела Вода, по 1650 денари се, штиклата е 10-12 од прилика. Јас си купив падот е ок, удобни ми се не се превисоки. Имаш секакви бои и лаковани и „кожни„ и превртена „кожа„.
Веројатно веќе некоја девојка прашала, ама ме мрзи да барам низ темава... Каде има вакви, било еднобојни или со шари?
Да се пофалам купив од Горица од 1 000 намален на 600 се надевам ќе му се допадне.Фала за предлозите девојки
баш вакви исти земав пред некој месец од сити мол продавница каде што имаат македонско производство на кондури ги земав 2000 денари преубави се а имаше исти и во њу јоркер беа по евтини
Во city mall видов минатава недела се мислам 5 мин како се викаше продавницата да ти ја пишам никако да ми текне помала е на вториот кат спроти неа ја има истата продавница ама за машки на П само памтам дека беше името на продавницата,незнам дали има уште на попуст беа по 500 ден имаше бордо,крем,маслинести..за други бои не ми текнува,незнам какви одприлика сакаш ама појди види