Giovanna денес пробував исти такви како на сликата во Колеционе во Капитол, 700 ден. , али беа останати само два мали броја 26 и 27.
Уф, во тие бројчиња не знам ни во основно дали успевав да влезам Крупна и висока мома сум јас, 38-ца ми треба. Овие бројкиве ме збунуваат малку кога ќе ги видам, мислам дека според тие сум 32 :?
ами марка во скопје се бара во спортските во гтц сити мол и на битпазар зависи колку сакаш да платиш за “марката“ иначе иста е “марката“, е сеа конкретно вакви немам видено скоро
Во Теранова од оние на попуст по 700 вчера останато имаше само темни, или пак јас не забележав... И Бојфренд има исто во Теранова, околу 2000 и нешто беа. *** Инаку барам убави тренерки, вчера ги преобрнав сите спортски низ градот, ама не ми се даваат по 5000 бе за пар тренерки. Е сега во Борис не бев ама, каде да најдам фин комплет тренерки, нешто на сиво, може и црни, или горна во боја, тиркиз, розе, лила, долна црна и тако даље ? Каде? 2500 до 3000 би дала...
Кај атлантик комерц на бит пазар имаш еден како трговски мал со неколку дуќани ЈЕТА пишува.Тука и паркинг има.Одма тука во трговскиот фактички е продавницата.Имаат оригинал спортски тренерки Најк,Адидас и мн други по 2000-3000 илјади.Оригинал се 100% но бидејќи газдата не плаќа царина за истите не ги продава по 4000-5000 како другите.Освен тренерки има и фармерки ,Јакни ,маици .Се му е Томи Хилфигер ,Армани Џинс ,Поло ....
Црни чорапи вакви и цена отприлика?? Поефтино нешто ама не од оние со силикон сексине, туку обични за шорц
Феминки ,каде низ Скопјево да најдам фармерки од 500-700 денари.Ама да бидат модерни од типот на оние над глужд и пример со висок струк ..ако ме разбравте
Во Лептокарија има една продавница што гледа накај Партизанска, има евтини салонки па и штикли на платформа. Близу Зегин.
Мене моментално најомилени ми се тренерките од рибок и во последно време се и најквалитетни.. имаш многу добри модели во спорт м во гтц и се отприлика до цената што ја кажа
Истата Продавница ја имаш и на пет минути од зелено пазарче и одма кај студентски дом пелагонија .. има стварно добри модели и цените се од 300 па нагоре,све им е на попуст
Дали знаете во кои продавници ги има низ Скопје? и по колку пари се? Јас пред некој ден видов во маркетот ДМ во веро,ама цена не видов и кое е најубаво?