Дали почна сезоната на капутите по Скопје и колку им се движи цената? Би сакала од оние со кожни ракави што се да земам.
Каде можам да најдам црни или сиви хеланки, ама за подолги нозе? Секаде каде што сум барала кратки ми се :/
Феминки картонски кутии за поклон во форма на срце по пристојна цена каде можам да најдам.Во Џамбо нема срциња,Базаро во Соравија не работи а во Sewa беа по 270 ден најмалите,толку не ми се дава.??
Во Рамстор горе имаш штанд со такви кутии со разни шари и во разни форми,имаат и привезоци и картички за роденден и сл. Нема да утнеш одма ќе го најдеш.
И Рамстор приземје, во купи момент Мене ме интересира каде да најдам баш ваков модел на наочари, преубави се, не од оние ептен шилестите на крај, баш овие? Не ме упатувајте по оптики, овие се 27.000
Во Престиж има вакви. И во Аванти. Побарај. А има во Janni & Janni на битпазар ( одма позади постојката).
Има убави во тоа на Битпазар .. Јани и Јани како што ти пишала феминката погоре,баш јас гледав зошто и на мене ми требаат ,само цената не ја видов ..па ако одиш и ако ја видиш,ако не ти е тешко кажи ми .
Девојки да ве прашам... да не знае некоја од вас каде можам да најдам вакви џемпери како на сликите, така подебели??? Сакам ако најдам да купам некаде поевтино затоа што ваквите во Манго или Зара ги има сигурно за околу 1500-2000 ако не и повеќе. Spoiler Spoiler Spoiler