Дали некој знае колку се цените отприлика на часовниците во Parfois и каде на друго место можам да си најдам убав часовник?
Провери во Пар, знам дека пролетта имаше. Имам видено и во Војка и во Импреса и во новиот бутик во Глобал, на местото на Момент.
Во Парфоис се од 2000 па нагоре.Јас купив уште лани златен поголем за 2900 и сеште не се расипал нити фатил р'ѓа.Мн им се квалитетни.
Чаршија,Битпазар, сите кинески продавници. . . Би требало да има на тие места штилклички до таа цена.
Не би ти препорачала од таму, за тие пари можеш од тука да си купиш баш марка.http://www.gardemoda.mk/
Која марка се овие часовници на Гардемода? Истите ги има на ebay и aliexpress по цени од 1$. Парфоис има над 1500 па нагоре до кај 2000 и нешто, јас имам купено уште кога се отвори во Сити Мол пред две години до сега е во одлична состојба, и батерија и изглед се е исто како првиот ден кога го купив, златен е и бојата не му исчезна. Плус добиваш и гаранција од година или две на механизмот така да јас би рекла дека солидни часовници имаат во Парфоис за разлика од други бижутерии каде ми се распаѓале по неколку носења. Забележав дека и во Котон има часовници од 1000 денари па нагоре, претпоставувам дека се квалитетни.
На алиекспрес се кинески, овие се оригинал, само малце поевтини од оние во B-watch. Нормално не плаќаат ќирија како во капитол и гтц, па затоа и се поевтини.
Незнам еве ја првпат слушам за нив, ако тоа што го пишува на часовниците Spectrum е марката тогаш да, првпат слушам. А каде ги произведуваат ако не во Кина? Друга работа е што се копии на Армани, Корс, Барбери итн... Мене ми се непроверени и не би ризикувала да порачам од тука, да се работеше за симболична сума ко на Али или Ибеј па да порачам ама вака не.
Каде можам да најдам градник како на сликава? не мора да е на попуст , само да биде ваков како маичка продолжен.
Провери во Софија Бутик(таму кај плоштадот, до Синоличка таму е бутикот) има такви кошули, јас од таму си купив
Дечки ми треба малку помош, дали знаете каде можам да купам онакво црно растегливо ланче то ест choker, или дали знае некој каде можам да најдам таква растеглива жица за да го направам сама.. pozz
Каде да најдам едноставно, црно сако. Не од овие што ги има по бутициве за млади, со растегливи материјали, туку нешто класично. Гледав во Макпримат и во Бела, меѓутоа тоа што го имаат во тековните колекции или не е црно или е со чипки и чуда . Единственото црно во Макпримат не ми беше точно Не мора да е на попуст. Ми треба итно. Не ги знам многу бутиците за класична облека низ Скопје, секое мислење е добредојдено :geek:
Да си провериш во Марди... обично имаат облека за постари жени, но всушност облеката што ја продаваат е класика, така да многу лесно може да се најде и за млади класична облека таму. Имаа и добри сукњи едно време како за мене памтам, така да можно е да најдеш нешто младалачко а класично. Имаат бутик во Буњаковец, од внатрешната страна а не од онаа на Партизанска, а за други локации не ми текнува...