http://www.twinkietotmom.com/wp-content ... 16-123.jpg Каква чанта би одговарала со ваква боја чизми како што се десно? знам иста таква боја,а друга боја? може и слики
Јас имам таква боја на чизми иста ,само моите малце подолги се. Ќе ги носам со ташна иста таква боја што имам ,но и со црна може убаво стои и со темно кафеава ташна Се зависи и др парчиња на тебе какви се и како се искомбинирани . Само мислам дека со светло крем ташна или црвена,бордо и сл. не би стоело.
Јас мислам да си нарачаш преку АлиЕкспрес, брат ми се утепа вакви дрангулии нарачувајќи од кај нив за смешни пари. Баш сега скоро зема слично вакво нешто ама тој за Go Pro камерче. Како и да е, мора да има, ако не се работи и за истиот држач.
Бела маичка по пристојна цена, ваква како на сликава, со нежно чипче ама само на тој дел кај деколтето, не и по прерамките. И по можност да не е обичен мазен матријалот туку онаков како на линии рапав Имаше во Њу јоркер по 200 денари ама веќе нема
Помала ташничка(за преку рамо),некоја кафено кожа боја да биде,нешто како оваа http://data3.whicdn.com/images/129656320/large.jpg Моделот нешто како овие отприликa,битно да е малечка за на рамо http://data3.whicdn.com/images/130276226/large.jpg Цената да е до 700-800 денари
Имаш голем избор во D&D таму треба да има, имаше скоро попуст и прејаки чанти на пола цена. Можеби трае уште попустот провери
Девојки ми треба фустан за на свадба. Незнам каде да шетам да барам дали има некоја предлог да не лутам насекаде ,а да не најдам
Ако не ти е за скоро време јас мислам најпаметно да си сошиеш. Но ако е за скоро време прошетај низ продавници, ГТЦ, Бисер, Сити Мол... Може ќе најдеш нешто по твој вкус. Јас така се изнамачив да си најдам по вкус нешто за на свадба и си реков од сега строго шиење. За побитните свадби барем... ама тогаш немав многу време на располагање.
А,сигурна си дека има на битпазар баш како што опиша она? Зошто и јас таква барам,па да не одам за џабе
да ве прашам да не знаете каде продаваат високи црни стикли но поевтинки кој се има рашетано нека пише
Барам веќе некое време во мојов град рамни патики не од оние на полна пета значи скроз рамни ама високи до над глужд Nike или Adidas оригинал патики ама моделите не ми се свиѓаат ич, па утре ќе одам во Скопје па да ми кажете каде можам да најдам повеќе избор на модели со попуст ( по можност до 3000 ден.). Во Сити Мол, ГТЦ, Рамстор има нешто попусти или слабо?