Каде да најдам блуза со голи рамена со 3/4 ракави или со сосем мали ракавчиња? Доколку некој има видено негде нека извести.. Благодарам
Во сити мол,најгоре во спорт вижн и аддас и најк продавниците што се, ќе најдеш сигурно.Имаат од сите марки и разни модели.Јас земав пред неполн месец на adidas одприлика ко што ги опиша .. еве ти и слика .Јас ги земав за вежбање,за на излет,водно и сл.За секој ден не,бидејќи несум некој фан на вакви патики за носење секој ден на факс за на кафе и сл.И удобни се мн и меки. Вакви модели слични имаше уште многу.
4200 ,но не беа овие на попуст.исто така имаше мн др на попуст што беа по 2500-3000 слични модели вакви ..
луѓе каде има квалитетни градници без пуш ап (поголеми бројчиња 90/95). Денес бев во new yorker, но сите беа со пуш ап.
Лиска, таму секогаш има избор на градници и со пуш-ап и без. За квалитетот и да не зборувам, веќе докажани се.
И јас ти ја препорачувам Лиска,јас со години користам градници од таму. Ќе најдеш сигурно мислам дека и овој месец имаат 20%попуст
Ви благодарам, не сум користела на лиска до сега. Колку им се движат цените на градниците и комплетите?
Јас последен пат земав пред околу 7 месеци.Мн убав лила боја без пуш ап,беше околу 1700 ден плус гакичките за комплетирање 700 ден.ама се исплаќа пери носи се
Во ТЦ Буњаковец има еден бутик кадешто има голем избор на фустани. Се наоѓа во задниот дел на приземје, отприлика позади книжарата Топер. Сега незнам каков фустан бараш, јас еве за апсолвентска си купив од таму Има кратки, долги, па и за секоја возраст
девојки ме интересира дали во сити мол има донесено нови модели на зимски јакни и општо вака подебелки работи дали може да се најдат да не сее ептен слаби
Живеам во близина и безброј пати сум била таму а не сум ја забележала таа продавница, чудно... Поконкретно каде е и како се вика да не знаеш? Затоа што не ми текнува ни која му доаѓа таа Топер книжара, да не е онаа скапата карши Сара Фешн кај пролазот?
Каде да најдам слични на овие модели чизми до 2000? Овие се од Пул енд беар ама таму ми се некако скапи по 4000-5000, па каде има слични барем?
Lovely93, незнам како се вика, ама на почетокот на Буњаковец е (гледано од автобуската постројка спроти Градежен)...до овој бутик има уште еден, но тој е за повозрасни жени само, мислам дека претежно продаваат комплети. Иначе да, има тука еден пролаз, Топер е тука во продолжение, не сум сигурна дали имаше уште една книжара и BodyLine е тука до нив...кога ќе бидеш таму нема да го утнеш само пројди низ пролазот и кога ќе излезеш позади трговскиот, сврти лево и нема да го промашиш. Па пиши ако си купиш нешто