Јас си купив лани подебела баретка од продавниците на Дуки Дасо во сива боја. Ги имаше во неколку бои, црна, сива, бела, тегет, кремова по цена од 180 ден.Ја земав овој период, на почеток на сезоната, а потоа ја покачија цената.Затоа, разгледај побрзо, можеби ќе најдеш нешто што ти одговара по пристапна цена.
Имаш продавница во подрумот на Буњаковец. Громби мислам се вика продавницата во ГТЦ на приземје, гледа на паркот на жената. Во ГТЦ ја имаш и Матекс на 2 спрат.
Во сити мол види ,таму секогаш имаат работи за секакви пригоди. Во њу јоркер,бершка,теранова ...имаат по некој мал попуст на одредени работи забележав деновиве и можеби ќе најдеш за таа цена.
Види во Мана. Јас си купив една преубава карирана за 350 денари, а со некоја фенси наметка или елек изгледа сосема пристојно и за навечер. Имаше и други, со потенок и поелегантен материјал до таа цена, 500-600 денари. Инаку, каде има машки тексас кошули, ама по 1000-ка ? До 600-700 денари би било идеално, не ни се даваат многу пари.
Spoiler Во Колеционе гледав, само не видов цена, ако случајно те води патот натака види, може и поинаква ќе ти фати око зошто таму стварно имаат добри кошули за машки.
Ај и на оваа тема да си прашам Сакам за зимава некои „помажествени“ чизми, во стил на Алпина или Планика. Гледав лани во Пеко, бендисав едни (не знам таму што држат точно никогаш не сум купувала нешто слично), па ме интересира некој цената да не ја знае на ваквите модели (значи зборуваме за Алпина или Планика, оти се изнакупував глупости претходниве зими и излезе дека џабе фрлив пари освен за едни од Биана). И случајно некој ако има видено низ Скопје во специјализирани продавници за овие два бренда, како им се движат цените последниве недели и дали воопшто има моментално некаде попуст.. ФаЉа
Обично во Планика или Алпина од 3000 па нагоре се чизмичките, ама знаеш кога ќе ги купиш имаш стварно топли чизмички . Попусти не сум забележала периодов ама кога се на попуст се 2,600 па нагоре.
Моделите На планика во пеко се од пет илјади денари па нагоре .. јас исто би ти ги предложила и грубите чевли на тиберленд,лани ги купив на попуст 3000 денари ама се од тие помашкуданските зимски спортски модел и задоволна сум многу
Девојки, да не била некоја овие денови во горица трејд? како се движат цените на чизмите? сакам кафеави...порано имаше на фб профил и објавуваа, сега гледам не постои веќе. или па препорачајте ми некоја друга каде што имате видено убави кафеави чизми, до кај 3000-3500
Ај ќе одам до Пеко денес, па да видам дали ќе се најде нешто Мене не знам оти па ми идеше во главав некоја цена од 7000 нагоре, ама ете сум била во заблуда Ќе пишам после што сум направила.
Женски, да не знаете случајно каде можам да најдам црвени високи чорапи над колена, ама плетени да се ? :/
Хмм да не знае некој каде можам да набавам кратка црна перика (да не е Jumbo, бидејќи таму нема како што барам). Фала однапред
Многу убави тексас кошули гледав во LC Waikiki, но тоа беше пред 3-4 месеци, а цената мислам дека беше околу 700 ден. Провери таму за секој случај можеби има нешто останато .
Има во Сара Фешн, јас си купив плетени бордо и маслинесто зелени. Не се сеќавам колку беа зашто имав и други работи земено, ама не се скапи како низ бутиците, тоа сигурно.