Каде можам моментално да најдам новогодишни сијалички, освен во Џамбо? Се извинувам што сум малку оф-топик, но најпосетувана е темава
Каде да најдам вакви штикли како на сликите боја не е мн важна ама да не се мн скапи, до 1500? Може и чизми не мора да се како на сликата може и повисоки ? Итно ми е фалаа
Девојки, каде да си купам вакво пончо, ко моделите на сликата ако пак е и со пристапна цена, ептен ќе бидам среќна обожавам пончо, многу ми е дамско и елегантно
Женски....трудно, месец пред пораѓај, а за 2 недели ме чека блиска свадба Која знае, да ме спаси: - Болеро/горно нешто/шал/крзненце крем/златеста боја за над фустан - Хулахопки (не мора труднички, ќе издржам за 5 саати), крем со златести примеси, дури и малце подебелки да се, не е проблем... Фала многу
епа најефтино би те фатило да купиш матријал и некој кој малце се разбират од шиење да ти ја напрајт баш по твоја мерка.. пошо до 300 ден и не вервам дек ке мојт да најдиш
побарај во теранова во city mall, баш вчера гледав имаа сукњички ама не видов дали има црна,за цената не знам точно ама мислам дека беа ефтинки
Ако не и е тешко на некоја од вас, кога ќе оди накај Теранова/Калиопе, да види која цена е кошулава? Благодарам
699 денари мислам дека беа ( ако ме служи добро сеќавањето). А за јакничката погоре што си пишала такви имаш во шутка какви сакаш.
Мала помош, ако се наоѓа некоја девојка од Прилеп. Утре одам и ме интересира за чевли и за часовници или фирмиран накит некој. За чевли ке прошетам ке разгледам а за часовници ако може да ме упатите и по можност страница на фб некоја