Се извининувам но може ли да ми пратиш линк ако ги има некаде по нетов тие во Зара што се,сакам да ги видам какви се Бидејќи не сум од Скопје,тука немаме ние Зара
Девојки,каде во Скопје,првенствено Сити Мол да најдам темно зелени пантолони или фармерки? Дали имате видено негде,сакам убава темно зелена боја?
Еве ги од Зара http://www.zara.com/mk/en/woman/accessories-c269207.html (повеќето што ги има на странава ги има и во продавницата во Сити Мол), а ако те носи патот накај Грција уште поефтини се таму. А еве од e-bay неколку: - http://www.ebay.com/itm/Crystal-Flo...05&prg=11353&rk=1&rkt=6&sd=371135326459&rt=nc - http://www.ebay.com/itm/New-Luxury-...05&prg=11353&rk=3&rkt=6&sd=371135326459&rt=nc
Bershka i Stradivarius ,имаат и мн др модели ваква боја освен овие. Овие со висок струк и со копчињата од страна што се ,се преубави и мн јако стојат.Околу 1300-1400 им се сите.
Во Џамбо а и слични продавници каде што цената им е премногу ниска докај 500 ден. е вакви ќе ти бидат после неколку носења.Сите се зезнале. Прошетај низ сити мол имаше во многу продавници добри копии и поквалитетни на овие по 1000 и нешто ,2000 .
^ Јас моите ги земав од Скечерс, ми се искривија после неполни два месеца носење а паралелно со нив досев уште едни чизми па сега видете колку реално биле носени... Џабе фрлени 2 и нешто (и тоа среќа што на попуст ги земав иначе уште толку ќе се изедев). Оваа зима сум на мисла повторно да земам (ептен ми се практични поради тоа многу лесно се навлекуваат и таман ми се за претрчување до продавница, да не се малтетирам со облекување и откопчување/ закопчување на `класичните` чизми) ама планирам да ги земам што е можно поевтино-едноставно не ми се ризикува пак да ги преплатам па да ми се направат како на горната слика уште практично необлечени.
Тоа беше и мојот муабет,од каде и да ги земеш и колку и да платиш не е гаранција дека ќе ти бидст квалитетни.Ретко каде денес кај нас цената е знак за квалитет Такви се тие чизмички и лесно се криват,затоа подобро поефтино да ги платиш а со останатите пари ќе си купиш чизми од кожа или на штикла што реално повеќе ќе траат
Братучетка ми лани си купи многу добра копија од Офис шус во сити мол. И втора сезона сега ќе ги носи во одлична состојба и се. Се е индивидуално тоа кој од каде сака да си купи .Јас лично не би и не ни купувам на такви ефтини места,кога за чизма станува збор или сл.Колку пари толку музика и до сега се така и ми се погодило.И затоа и купувам по квалитетно иако е и поскапо сакам повеќе квалитет отколку квантитет. А и реално она што е марка и поскапо од авион се гледа што е. Тие од џамбо уште ни на нога не ги стаил некој а веќе искривени им се Какви и да си купиш со здравје да си ги носиш
Каде има низ скопје да се купи палета од коректори за контури на лицето? И некоја убава палета сенки?? И убави четки?
Па ова се мартинки, оригинал има во Конверс во ГТЦ и Сити мол и се околу 6000, а инаку доколку не сакаш оригинал има исти вакви копија во Теранова баш гледав до пред некоја недела скрос црни беа околу 2700 мислам, да не те излажам не знам дали има се уште, најубаво да одиш да си провериш ако си навистина заинтересирана да купуваш
Барам памучни, дебели,шарени чорапи со прсти?? Секој прст да се внесува поединечно, како ракавица Дали сте виделе некаде?
Каде да купам вакви класични шпиц салонки убави не многу високи и се разбира не многу скапи,ми требаат за свадба.Како на сликите да бидат,не сакам такви многу долги.
Провери во Дора во трговски (продавницата што гледа накај жена парк) , јас си земав пред некој месец за 1500 ден кожни.
девојки каде има хеланки онака да стегаат убаво ( да не се опуштат ептен после прво носење) до кај 300-400 денари? да можам да си ги носам со наметка , џемперче?
Јас купив минатата недела слични на овие како што бараш од Страдивариус ,во см. Еве какви се ,1700 се. Но имаш и во бершка црни како на првата слика твоја поефтини беа околу 1400.