Каде можам да најдам чизми над колена, со висока штикла и платформа? Имав едни, душата им ја извадив од носење. Сега не се нешто во мода, па не можам да најдам, а ептен сакам да си купам нови... Не е битно материјалот, патенти врвки декорации, само да се со висока штикла и црни...
A ти дојде на темава анти-реклама на Горица да правиш ?!? У реду е не се ни први ни последни што лажат за нивните производи.
На улица Македонија има една продавница за чанти, не знам како се вика, ама мислам нема друга. Да не знаете како се движат цените?
Каде да најдам евтини новчаници низ Скопјево??? Отприлика да бидат така 150, 200 денари. Фала ви многу однапред и одназад!
За двеста денари не знам колку би успеала да најдеш новчаник, сите им ги пумпаат цените без разлика каде и каков им е квалитетот. Побарај на Бит пазар, на тезгите каде што продаваат ташни. Сигурна сум дека таму се многу поефтини.
Јас имам земено за 200 денари многу убав новчаник на зелен пазар. оди разгледај сигурно ќе најдеш нешто што ќе ти се допадне
Во кинеската. Мислам дека пред месец дена видов во таа во Ново Лисиче, би требало и во другите да има освен ако се од лани, па некое бројче останато.
Сакам да си купам чизми ,црни на полна пета ама имам само 1000 денари. Каде да побарам ?? Каде има поевтини ??
imas evtini cizmi na polna peta vo ramstor dolu vo poddrumot premnogu se evtini kaj sho e hemiskoto cistenje izvinete od tel sum
Каде да си најдам крзнена кратка бундичка во Скопје, со убаво крзно(лажно секако), не оние што се евтини на изглед како покиснати ии нормални цени
Пишав во некоја страна пред оваа.Во сити мол има премногу избор и на бунди и крзнени елеци. Поточно во Бершка имаш убави бунди,разгледај ги.Преубаво и премеко им е крзното и мн луксузно им се направени.Јас елек земав минатата недела од Бершка.Премногу сум задоволна. Иначе и јас многу мразам од оние крзна ефтини што изгледаат,покиснати што викаш Провери и во Зара и во Страдивариус исто така имаше убави модели.
Во Intimissimo и Women'Secret имаш голем избор. А ако сакаш поефтина варијанта,имам забележано во New Yorker,во делот за долна облека.