а некаде има ли убави така зимски фустанчиња плетени или црн по долги широчок барав низ сити мол нема или кратки се,бев и во беверли ама нема...
По потрага по хеланки (трет ден ), отидов во li-ning во веро центар, имаа такви dry fit како што барав ама беа 3xl и ми беа преголеми, а иначе цената им беше 1200 денари (најприфатливо досега). И ајде си реков до Њујоркер да отидам и имаше гооолем избор на хеланки, од 600 до 1300 денари. Имаше едни такви спортски со некои портокалови фосфорни линии ама не беа по мој вкус, па земав обични црни, кои ми изгледаа доста квалитетни за разлика од пазарските. Ги земав 670 денари. Така да тие што баравте хеланки, во Њујокер има доста избор. Имаше и некои "кожни" (зошто по ѓаволите постојат такви, зошто?!) ко што бараше некоја феминка.
Оди во Куманово кај фабриката на Биана траде има продавничка на 100 метри, има чизми по 2000,2500,3000 ама мноооогу убави
боди убаво и што ќе ме грее немора да е 100 посто памук може и со ликра малце.бојата не ми е битна. каде има? сум гледала наповеќето места но материјалот или отворот напред кој е премногу отворен и не ми се свиѓале баш
Бершка @mirandaa постираше во темата што последно си купивте многу убави црни хеланки, баш ѕирни ги Од 1000 до 1400/1500 денари се движат, ќе најдеш повеќе видови. Исто и Њу јоркер имаат спортска колекција донесено само за цена не знам @libra94 ако најдеш такво палто извести ме обавезно, од лани барам такво @Mishela, баш деновиве барав чизми, и верувај дека освен Аванти нема никаде да најдеш чизми под 1700. Низ ГТЦ најефтините чизми што ги видов беа толку околу 1600/1700. Погледни на страната на Аванти, има за 1200 денари убави модели само мене воопшто не ми се допаѓа квалитетот. за два месеци се криват, ама тоа можеби е индивидуално, јас најмногу од се уништувам чевли. За дуки и дасо, моделите им се навистина преубави, посебно оние ниските, ама ептен им се високи цените за тој квалитет. Не би дала 2000/2500 за чизми од дуки и дасо, кога на пример во Котон можам да си купам високи за 2000 И морам да забележам, истие чизми во аванти кои се по 1100, 1200 денес ги видов во ГТЦ во онаа Паоло ботичели, така мислам се викаше за 1700/1800. Ако на некоја и текне да купува чевли од таму да знае истите може поефтино да ги најде Конкретно за овие приметив Spoiler: [IMG]
Дали чизмите од Дуки Дасо се квалитетни? Ептен ми се допадна еден модел, а цените ми изгледа дека им се малку напумпани како за нивен квалитет или сепак се лажам? Ај некоја нека ми каже дали вреди да се купат чизми од овде или да си барам други. И патем, каде да барам подобри модели на чизми - без разлика дали ќе бидат кратки или долги, до кај 1200 максимум и да не бидат ептен плишани или антилоп за да ми пропуштаат.
Мишела барав чизми низ цел град и искрено јас сум многу разочарана од изборот оваа година или па сум многу пребирлива. Барав некои или на пониска дебела штикла или ниски за на факс, зошто се што имам ми е штикла и не најдов ама баш ништо. И јас се ограничив на таа цена зошто ниско ретко носам. Ако не најдеш на Битпазар низ продавниците мислам дека никаде нема да најдеш зошто стварно имаат премногу модели ама ете јас еден пар само најдов ама немаше бројче. Цените им се од 1100 па нагоре. Од Аванти имам чизми и ги носам 2,3 години ама чизмите што им се на штикла се многу подобри од ниските во однос на издржливост. Оваа година јас чизмите што ги гледав на нет, не ги најдов во продавниците, а и сликите што ги постираат се многу поразлични барем во мои очи од тоа што го видов во продавниците. Не само што се ефтини него и буквално изгледаат ефтино. Ѕирни ја продавничката на автобуската на Битпазар, онаа огромна што е, се надевам ќе најдеш нешто.
Здраво феминки, Јас досега редовно ги следам вашите дискусии на форумов, бидејќи се многу корисни и може да се разбере многу од нив. Дали можете да ме информирате каде може да најдам ваучер за викенд попуст на чевли во Пеко? Може да ми пишете и во порака.
Во Златна Книга на крајот до сега барем,имало купони за попуст,за мн продавници и Пеко секогаш бил меѓу нив.Провери од оваа година Златна Книга,сигурно има штом и до сега имало.Обично - 20-30%.
Разгледував и таму Марама, а да ти кажам истото се прашувам и јас - дали изборот е оскуден, сведен на кич модели со ланци и тракатанци или навистина премногу сум пребирлива. Не ми се допадна ништо посебно, ми изгледаа изработени од неквалитетни материјали; мене ми треба еден пар за секојдневно пешачење од дома до факултет и за натаму наваму кога не ми се носи високо, а за корзирање имам убави модели кои веќе стандард си ги носам. Тоа со нискиот пар ме мачи, ќе ми завее некој снег, а јас ќе останам само на антилопните чизми.
Не е во Скопје,ама реков да ти пишам можеби ќе ти послужи мојата информација,ако ти е голема желбата ..Истото палто како на сликава само скроз црно (значи кремавиот дел е црн) го купив јас од Охрид од бутик Пинк...ама за пристојна цената и не е баш ( барем според мене ) Беше 3750 денари
Mишела само Биана чизми. Им ги гледам моделите и лиги ми течат,ама верувам се поскапи од она што јас можам во моментов да си го дозволам. Разгледај во продавниците во стара чаршија, таму носат понормални од оние на Бит Пазар(кои патем тие нитни,ланци,синџири ладно оружје), до кај 1800 може да најдиш убави..
@Ashling , да знаеш како си намерачив едни и баш се лигавам по нив, ама не ми се даваат толку пари, скапи ми се. Утре ќе прошетам низ чаршија, па ќе видам дали ќе најдам нешто што ќе ми се допадне. Преку глава ми дојде од тегнење од една на друга страна, се надевам конечно раат дека ќе видам.