Квалитетни оксфордки, кожни, има во Свон Шус. Си земав јас пред некоја недела, моите се црни лаковани и се на Баргала (Свон држат чевли на Баргала, Биба Шус, САБ и сл.). Ги земав 2.750, што за квалитетна кожна чевла мислам дека е разумна цена. Многу се елегантни и многу убаво стојат, не се воопшто како машки чевли. Е сеа, Свон Шус има продавница во Бисер, од задната страна што гледа накај катната гаража (моите таму ги земав јас) и знам исто дека и во Автокоманда имаат продавница. За други локации не знам, ама прилично сум сигурна дека имаат повеќе продавници. Имаш убави модели и поголем избор во Баргала, они имаат продавница во ГТЦ над Irish Pub, па можеш и таму да ѕирнеш ако бараш добар квалитет и убави модели, баш стилски, тренд и за млади. За моделите на оксфордки на Биана не знам искрено, не сум ги видела, ама според мене Биана се најдобри за чизми. За други модели на чевли некако ми се малку старомодни, ама ништо нема да те чини ако прошеташ и разгледаш
Има колку сакаш Еве конкретно јас пред некој ден гледав на улицата од Мавровка до Битпазар (негде кај автобуската). Не знам точно како се викаше продавницата меѓутоа внатре има облека, обувки и накит. Имаше преубави модели на кратки чизми за 1050 ден.
Девојчиња, некој да даде насоки каде да си најдам црни панталони памучни, ама да не се СЛИМ ФИТ. Многу ги мразам овие панталони, ама во последно време никако да најдам панталони што паѓаат нормално надоле (стреит). Порано секогаш наоѓав во најмала рака во Манго ама сега никаде не можам да најдам. Мислам не дека се претепав барајќи (во принцип ме мрзи да шеатам).
http://www.bershka.com/m/mk/en/accessories/new/xmas-fringed-earrings-c1132003p4859523.html Бершка.Се надевам се отвара линкот
Девојки, каде да најдам најобични тесни фармерки? Без побелени делови, буквално без ништо на нив, последниве неколку дена се што видов мораше да има макар најмала ситница на нив. Без разлика дали се темни/светли само да се обични и нормално тесни, прилепени за тело.
Во Котон гледав убави, цената варира од 790 до 1600, има избор на повеќе темни нијанси, ама се наоѓа и нешто посветло како за есенска колекција, а и црни има доста.
Такви панталони имам видено во Котон, некаде околу 2000 и нешто мислам дека беа. Во Котон има повеќе видови на црни панталони, па побарај убаво. Мислам дека имам видено такви пуштени надолу и во Бела, ама за таму не сум сигурна.
Вакви чизми некаде низ Скопје? Може да бидат и на пониска штикла дека сепак сакам да ги носам и во школо
Вакви чизми до глужд сезонава буквално секаде ги има.Има пишувано за нив неколку страни поназад тука, каде има поефтини,поголем избор и сл. Е сега зависи до која цена си спремна ти и сакаш да дадеш.Но ако сакаш поголем избор на едно место,оди во сити мол. Еве конкретно слики во Бершка, мн слични на тие што си ги постирала.Во Пул&Беар исто има вакви и мн други,во Бата..