Кај студенстки дом Пелагонија а исто така и кај рампа во Кисела вода има две три продавнички каде би можела да најдеш штикли на попуст @gggiiirrrlll99
Не сум видела, но девојкава изработува слични работи, пиши и дали може вакво да ти направи https://www.facebook.com/profile.php?id=100007193959471&fref=ts
Каде да најдам вакво капутче? Бојата не е битна, ама ако е ваква уште подобро. Цена небитна, само да најдам. И да, да не е ибеј или алиекспрес.
Мислам дека е многу поскапо од 2000денари а и ја нема оваа боја, колку што гледав цените им се движеа од 3000/3500 па нагоре, и тоа за текни јакнички и капутчиња, не се апла зимски да кажеш да топлат. А со оглед на квалитетот не би препорачала ни 2000 да се дадат. Другарка си зема лани капутче, долго околу 4000 скоро го плати, за неполн месец матријалот изгледаше како да е носен со години, се направи како топчиња цел, обеле, изгуби и форма и се.
Џемперчиња некои како за на факс и за на кафе така кежуал? Викендов го свртев цел ГТЦ, Теранова, Калиопе, Мана, Прчла и ништо не најдов. Само една кошулка во Бебел колку да не се враќам празна. Носам М величина, така што немам некој проблем со бројот.
М е и мојот број Иначе мн убави модели на џемпери во сити мол има.Само што се враќам од таму отидов фустанче да барам,но од толкавиот избор на џемпери морав пак уште еден да земам,иако периодов премногу такви џемпери купив.Но гледам стално изнесуваат и некој нови модели.А има и мал попуст. Во страдивариус,њу јоркер,бершка,пул&беар,зара ,сигурно ќе најдеш.
Каде да си најдам црвени штикли(било какви) на попуст 35-ка низ Центар евентуално К.Вода? Немам време многу да шетам и да барам па затоа поконкретна информација многу повеќе би ми значела, фала однапред.