Девојки каде можам да си најдам вакви сандали како горните 2 модели и последниот модел од десно (не мора исти да бидат може слични) ама да не бидат многу скапи со финансиите сум хаос
каде можам да си најдам црн корсет или цветен по пристапна цена и да не е некој сатен или светкав баш обичен за комбинации со сукњички и фармерки
А јас да прашам, дали има некоја продавница за чевли што вршат достава во други градови, поконкретно ми требаат убави салонки со платформа и голема штика, а овде неможам да најдам ништо.
Девојки да ве прашам,итно ми треба топче онакво без маиче без прерамки ? Вакво само без хеланките -->
Интимисими, Манго? Јас имам од Манго купено, а сум гледала претходно за мајка ми во Интимисми. Не сум сигурна дали има уште, тоа беше пред една година, меѓутоа не би требало само една сезона да ги имаат.:/
Јас имам купено вакво во продавница за долна облека во Бисер за 200 ден, ама поодамна беше. Може сеуште имаат.
http://s5.thisnext.com/media/largest_di ... 32E5CD.jpg ја ваков сакам а нигде ваков нема иначе бев денес во еуроазија имаш како корсети и топ цветни имаше еден многу убав тегетно-син со цвеќиња цел и машничка на средина на градите преубав само цената не беше баш соодветна ја поише од 1000 не би дала за него зошо е мало парче без разлика колку е модерно и ин а тоа беше накај 1500 ако не и поише.. лудило ;/ имаше убави фустанчиња пази, за приближно таа цена..
Каде во ГТЦ или во близина на ГТЦ да најдам обични црни салонки по ефтина цена?Исто и балетанки,некои интересни и штосни по ниска цена Вака нешто...Без додатоци,обични... Да напоменам уште еднаш,не сакам некои цени од 1500-2000...
Во лептокарија има една продавница, до пред некое време имаше сите чевли вакви класични имаше и со цветче ваков материјал баш имаше и плишани по 600денари а преубави, сега мислам дека има и по 1000-1200 така нешто има и балетанки таму, не сум прашала цена ама не се нешто ин покласични се
вакоб модел на фустанце видов во бисер карси вениц детскиот бутик карси него има продавница за македоска конфекција единствено разликата бесе сто тој бесе подолг веројатно до над колена
Сосема обични, демек кожни црни штикли (не волку високи, овие на сликата ми се многу порно), има во продавничката веднаш до Југотон во ГТЦ. 1190 ги земав, перфектни се.
Kaде да најдам балетанки на платформа, не на штикла...цело скопје го превртев и само некои бабски модели -вакво нешто отприлика,само црна боја да е
Женски дали некој знае кај да купам машки лосион за тело? Постои вакво нешто? До сега само женски имам видено
Немам видено вакво во продажба и знам дека сум оффтопик ама да се испофалам дека имам вакво од мајка ми од времето ама истоооо
Има машки лосиони,сега зависи до која цена бараш мислам поскап или поефтин.Од поскапите имаш скоро од сите машки парфеми и лосиони и гелови за туширање.Поефтин има на нивеа мислам(ама не сум сигурна)да провериш во поголемите маркети.
Вакви палтенца има сегде , ко униформи се низ градов али многууу ми се свиѓаат Има во ГТЦ низ бутиците ги имам приметено,има и во Т.Ц Бисер и тоа во различни бои и ќе пукнам како во моментов немам пари да си купам едно до две Инаку во Бисер се по 1900 ден, а во ГТЦ во Стилисимо кога влегов беа по 3500 а може и повеќе не ми текнува баш...