Во Џабо имаш и во Рамстор имам видено, карирани, шарени, новогодишни секакви имаше. По 400-500 денари се.
Вакви имам гледано во црквите, на местата каде што се продаваат свеќи, белегзии, ланчиња. Не знам како се движат со цените.
А некој друг предлог за слава.. Вино бомбониера веќе имам носено...станува збор за слава на дечко ми..он секогаш вика нема потреба да носиш ништо и онака си како дома..но сепак, совест не ми дава така да отидам..па овојпат решив да сум покреативна малку
Многу ти е убава замислата, јас лично би се израдувала на нешто вакво, сакам вакви работи. Тоа и се носи за на слава обично - вино и благо. Навистина не знам што да ти предложам, ако можеш да најдеш ваква амбалажа поклонот ќе биде супер. Или пак, види го линкот што го постирала членката претходно, можеш да најдеш некоја убава порака во духот на славата или едноставно само со датумот напишан на етикетата. Симболично, за да не ти биде незгодно дека не си однела ништо, а си сакала.
Ако не најдеш тоа можеш да купиш икона од светецот чија слава ја чекаат. Помини во некоја поголема црква мора да имаат такви работи. Јас шишињата сум ги гледала и по тезгички пред црквите обично кога се собираат така на некои поголеми празници.
Не знам дали е за овде прашањево, но доколку некој знае Ве молам за одговор. Каде да најдам албум за слики, но да биде поинтерсен, штосен нешто како на сликата? (Да не е од алиекспрес зошто за Нова Година ми е за поклон, нема да стигне дотогаш)
Утре конечно идам во потрага по топла дебела зимска јакна, па би ви била благодарна ако имате негде видено нешто вакво како на сликите. Од внатре со крзно или нешто слично за да заштити од ладново, докај 3500 денари.
@rainbowec , се ми се чини дека такви јакнички гледав во Pull and Bear во Сити Мол но не знам како им се движат цените.
Исто и јас постирав две мислења каде што барам ваква јакна за таа цена, у бершка и пул анд беар се многу убави ама не ми се дава 6000 денари ... Во некои споредни бутици или некои места некој да не видел????
Тууууу 100 евра е многу за јакна, бар за мене... знам дека да ги дадеш ќе вреди и ќе топли ама моментално не можам тоа да си го приуштам. Ќе се рашетам низ Центар низ трговскиве па се надевам ќе најдам нешто за мој џеб...
Да имаш право дека се скапи,но навистина вреди.Јас од лани имам една ваква дебела зимска плава,тегет е со крзно и оваа година ја носам ко нова е.Од Бершка е купена.И премногу топли и со тенка блуза одоздола таман ми е за времево.И добро е што се исплати за парите.А секако ако убаво се прошета можеби може да се најдат исто волку квалитетни и за помала цена. Имам забележано деновиве има попуст во Пул&Беар,Бершка,Страдивариус,и тоа баш на некои јакни вакви.А за во Пул&Беар го пишуваше на страната ова. И провери и во Њу Јоркер таму има исто мн убави дебели,поефтина варијанта.До 3000.
Ќе видам што ќе направам прво во Центар, ако ептен не најдам ништо може да отидам и до Сити Мол да си ја пробам среќата.