Точно, но ретко кој може во истиот момент да искешира 6000 денари, тоа е проблемот. А дека вреди, тоа е и повеќе од јасно , многу квалитетно изгледа и полно е од внатре, ама ете, не секој би можел да си го дозволи и реално - цената е урнебесна. До 3000 ми е во ред, се` над тоа не ми чини во однос на цената. Во Њујоркер проблемот е дали ќе најдеш бројче @rainbowec , а моделите им се убави и попристапни со цените, а ми изгледаа дека се работеше баш за квалитетен материјал. Мене не ми се допаѓаше како ми стои, и најмалото бројче на мене изгледаше преголемо, додека она од Пул ен` Бер веднаш ми легна. Мајка ми почна да ме јаде дека сум знаела што да одберам.
Да да знам на што мислиш... некогаш и да е тоа број што ти го носиш едноставно кога ќе го облечеш не ти стои бре ко за инат! Се знае, ако сакаш квалитет ќе си платиш поскапо ама зависи за кого што е скапо... еве мене и 3ипол иљади ми е скапо.
Дали знаете каде можам да најдам спортска гардероба (хеланки, спорт-бра, спортски ташни..) , за теретана ми е претежно, со пристапни цени? Има ли оутлети во Ск на адидас, рибок, лининг..?
Вакво видов прееска во таа Сковин мислам беше винаријата на плоштад Македонија што е помеѓу Bocata и Skopje kafe.
не Дуст не е моја а бисакала да е а за кожни јакнички иди до Зара сигурно ќе најдиш барем јас последно таму гледав
У Њу Јоркер има доста попуст, Си земав јас јакна 1000ка,кожна ТОА БЕШЕ ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД, ХС број, мислам да се наведнам со моиве 60 и кусур ќе пукне , Ама шта чеш, ептен ми се засвиѓа.Едно фустанче 660 денари ЖИВО ЏАБЕ, преубаво ама раздрпано баксуз, а и тоа у срце ми влезе.... Така да следен месец сигурно ќе има многу повеќе попуст, и Теранова имаа фини работи. Се наоѓа бе, ако разгледате. После Нова очекувам квалитетен попуст. А бил некој во Евроазија да ми каже дали се наоѓаат фини работи?
@Samer ,такви исти ѓакички јас гледав во Џамбо, имаше во сите бои но колку што приметив сите беа one size fits all (добра страна е што се растегнуваа прилично). Цената не ми текнува, ама сигурно не беа поскапи од 50, 60 ден.
Да, јас бев до таму пред недела дена. Има попуст на фармерки, панталони - купив два пара по 500 ден. Има и џемперчиња, блузи и маички, а другото не го приметив, бев отидена со намера да земам панталони.
Бидејќи ова е најчитана тема за оние што бараат нешто да купат.....Каде низ Скопјево принтаат слика на маица? На времето ги знаев неколку, но тоа беше на времето! И уште ова...Некој некаде да видел бебешко боди во црна боја? Знам дека црна гардероба е мноооогу ретка за бебиња
Кај рампа малце понатака во улицата има Вили (за јадење), од спроти некаде по скалички се одеше и внатре забутано имаше такво за принтање. Со нивна маица ме фати 550 ден. А во ТЦ Бисер имаш 2-3 продавници за облека за бебиња, гаќички, маички и сл, во некоја од нив мора да има.
Дали некоја знае од прилика како се движат цените за зимските шеширчиња во дуки дасо (таму сум видела дека има) и на друго место со пристапна цена? Mногу добри стајлинзи ми се зимскиве со шешири
Еве во Бершка и Страдивариус имаат убави модели.По 999.Имаат и др бои(бордо и крем). Во Парфоис,во сити мол исто така има мн убави и се нешто поефтини од овие.А и зависи од моделот,но имаше од 600-700 до 1000-1200.А и можно е и попуст да имаат моментално. А за во Дуки и Дасо и јас ги забележав пред некое време онака уз пат и мислам дека беа по 500-600 ден.Поскапи не беа сигурно.