Во Стружанка. А мислам дека и во продавниците на Тач продаваат. Знам дека имаше комплети, машка и женска бањарка со пешкири, можеби и посебно продаваат. Провери си, во Рамстор знам дека има продавница на Тач, долу во подрум.
Има преубав избор на чизми во една продавница за чевли после собрание, накај К.Вода кога се оди, не оние кај Рампа, после бутикот Соја и Рамстор Експрес некаде се наоѓа продавницава, 2 пара за 1500, а ептен шик модели има.
има акција на битпазар во продавничките плати едно земи две и доаѓаат два пара чизми за 1200 денари.. имаат многу добри модели што уствари ги има низ сите продавници само се три дупло поскапи
Каде да најдам убави дебели машки чорапи може и новогодишни Во сара фешн не таму видов некое друго место по бутициве да не сте забележале
Ако некој бил деновиве во Горица Трејд, од кога се донесени чизмите на биана, ако може да сподели како се цените и дали има бројчиња, на страната на фб не одговараат...
8337b2 Во еликсир има огромен попуст на парфеми, но негде наслушнав дека е можно да не се оригинал, па сакав да прашам дали има некој информација во врска со таа работа, бидејќи не би сакала да платам за реплика...? Фала однапред
Каде можам да најдам табла? Мислам на играта, како шах од надвор а внаре табла? Поквалитетна да биде, дрвена, не сакам пластична?
Дали знаете дали може да се замени палто купено од Њу Јоркер.Палтото ми е купено од Словенија но не ми е погодена големината па би сакала да го заменам ако е можно.
И јас имам слушанато за тоа дека не биле оргинал, ама потоа дознав дека Еликсир се застапници - увозници за овие брендови D&G, Gucci, Hugo Boss, што значи дека секаде низ парфимерииве кај што ги има овие парфеми се увезени од Еликсир, а ако не се оргинал кај нив би значело дека не се оргинални никаде. Лично имам купено неколку парфеми од овие на ссликата што од Космо, Шатци или Еликсир и задоволна сум од квалитетот, не сум приметила да има разлика со оние кои сум ги кпила во странство. Најверојатно се оргинал, јас не сум ги купила на волку голем попуст па можеби овие што ги ставаат на 50% да не се оргинал, а оние кои си ги продаваат по регуларна цена да се. Незнам навистина, не се ефтини ни на попустов па да ризикуваш...
Од Еликсир имам купено парфем оригинал Версаче Кристал Ноир, и одличен ми се погоди.Не го земав на попуст.Трајноста е и повеќе од одлична,а мирисот секако прекрасен.Кој го користел/користи знае. А на поклон ,исто купен од Еликсир го имам добиено Армани Код.Исто ми се погоди супер.Трајноста,мирисот,све.. А имам слушнато и јас оние што ги ставаат вака на акција,ограничени им се залихите секако ,но и поради тоа што ги растварале со вода.Но немора да значи дека е навистина така. Моите два парфема купени од Еликсир не биле на акција вака да,но ми се погодиле супер.Прави оригинали и си вредат за цената. А за овие што се на акција вака,незнам какви се и што се,но не би требало да се лоши. Секако дека не можеш да го замениш тука кај нас,бидејќи е купено палтото од др држава скроз.Овие кај нас често прават проблем да се замени иако се работи за нивни производи ако не го вратиме истиот ден,а камоли купено сигурно пред неколку дена во др држава. Ако ти е поголемо од што треба можеш кај некој добар шнајдер да го стесниш.