Барав и таму бев пред 2-3 дена и имаше нешто слично ама многу беа тенки јакните... нема везе си барам нешто специфично а и градбата ми е специфична па затоа ми е фрка кога барам јакна.
Имаш во Сетек. http://set.com.mk/Phones-Navigation/Accessories-for-mobile-phones/Bluetooth-headphones
За оние од Прилеп, каде би можела да најдам бордо блуза плетена? вака нешто сакам или што би можела друго да искомбинирам со ваква сукна за со кафени чизми
Кај има вакви кошулки дали знаете? Значи не мора да се исти вакви да бидат слични и боите не мора да се баш крем или бела.
Плетени бордо блузи можеш да најдеш речиси во сите бутици, на тезгите на пазар(истите само со пониска цена), во Марие до Ескалибур, не знам кај нема. Е сега ако бараш вака кратки, Лукас чинам дека видов, дали имаше бордо не сум сигурна,ама прашај, и во Пренди имаше, светкава борда, зелена, тегет, провери, сигурно има уште
Девојки а каде да најдам фустанчиња или некои интересни едноделни панталончиња,нешто такво по пристојни цени до кај 1200денари..така нешто??
https://www.facebook.com/pages/Stil-Stilisimo/1447220752156795 Ај види тука дали случано нешто ќе ти фати око.
Девојки кажете ми ( за оние што кулипе) чизми од пеко, алпина, или биана, дали се задоволни, јас секогасш купував од Баргала но ми се случи многу непријатна ситуација и никогаш веќе не сакам да влезам во нивна продавница.
Епа девојки морав да споделам со вас колку сум радосна, конечно си купив јакна најубава на цел свет, дебела и квалитетна пред се, ќе ја утепам од носење. Не е баш ваков модел како на овие слики што ги постирав ама сепак презадоволна сум! Иначе истава маслинеста јакна од сликиве погоре е од Бершка и денес во Сити Мол ја пробав ама не бев воодушевена од тоа како ми стоеше, некако ме правеше покрупна и едноставно не изгледаше убаво на мене. Само што влеговме во Сити Мол другарка ми ја забележа Tom Tailor продавницата и демек ај да влеземе да видиме јакни, јас знаев дека ќе биде поскапо ама не очекував дека толку ќе се заљубам во јакната и дека ќе биде тој квалитет. Еве слики од нет што најдов, апла спортска делува ама во живо многу МНОГУ поубаво стои малку како струкирано и минималистичко нема џиџи миџи на неа. Деновиве ќе ставам слики и на мене да видите како стои хаха пусти мерак да се пофалам пукам од радост!
Јас имам купувано.Од Пеко најмногу,но и од Биана и Алпина исто. За квалитетот нема потреба да се дискутира све им е на ниво.Конкретно за чизми секогаш сум била задоволна,а и мајка ми исто и др наши блиски што купуваат/купувале од таму.Што и да се купи од нив нема додер буквално,со години се носи. @rainbowec Прекрасна ти е јакната,моделот,бојата,све..со здравје да си ја носиш!