девојки каде да најдам од оние пантолони како хеланки што имаат како раб по средина на ногавиците, мислам ме разбирате за кои прашувам
Ајде сериозно, и мене ми треба. Некој? Ќе ве частам кафе ако ми најдете. Па уште и ако се на попуст, и сокче
имаше едни слични на првите црни во калиопе во центар ама доле по скалите од лево, мене убави ми изгледаа сеа што како незнам ни цена
Не со вака убава чипка, но слични фустанчиња гледав во Калиопе што е на плоштад, мислам дека беа 500 ден
Каде да најдам белезица за на рака, ремче со знак Yin Yang. И со планетите од хороскопскиот знак? (имаше на саемот кога беше- рачни изработени)
Мачка сеуште ја нема сукњава.Само што се вратив од сити мол.И мене мн ми се свиѓа и ја чекам да ја купам,но и црна ако донесат уште подобро би било хх Вакви шорцеви,многу слични,преубави, во Бершка има.
Девојки, јас сум во потрага на нешто вакво. Секојдневно сум соочена со неудобни градници и неквалитетни материјали. Кројот на долниот веш ми е битен, од проста причина што не секој ми е удобен. Нешто вакво, некаде? Spoiler
Јас најчесто носам вакви,не само поради удобноста,туку и поради здравјето на градите.И затоа избегнувам корпи,фижбани и неквалитетни материјали кои ја гушат кожата. Јас најчесто ги купувам од Women'secret или Intimissimi.А ако се начека имаат понекогаш и во Лиска. Последниот пат си купив црн и бел многу сличен,скоро ист на тој од првата слика.
Каде има ефтини машки шалови и ракавици во коплет, но и не мора да одат во коплет би искомбинирала нешто сама?
Срам ми е да влагам веќе во Бершка ама се заљубив во сукњава и мора да ја имам. Иначе бордо кожни панталони барав во зара тие ти што ги стави ама ги немале само црни такви имале,а бордото не ги добиле. И по бордо кожни панталони сум во потрага ако знаеш каде има кажувај
Незнам каде да го сместам прашањево но дали знае некој каде се наоѓа овој бутик ? https://www.facebook.com/pages/BUTIK-lola/317281111802252
Па сигурно и бордо ќе добијат скоро во Зара,би требало.Иначе баш вчера кога шетав низ сити мол не забележав бордо никаде,освен во њу јоркер имаше,но беа претенки и некако премногу обични.На ластик горе,а материјалот имитација кожа,но мн глинтав.И повеќе бојата ми одеше како на црвена некако. Ќе добиваат сега и нови колекции па сигурно ќе донесат и некои убави кожни панталони во бордо боја. Во Страдивариус има,неможам на страната да ја најдам сега ги тргнале,но вчера ги видов.До колена,тесна,тегет и светло кафеава имаше. А по кратки ако сакаш,исто тесни уз тело имаш во мн други продавници(Бершка,Њу Јоркер,Зара..).