Сакам да купам убав (скап) машки рачен часовник. Бев во Божиновски, имаат само Tissot и Calvin Klein. Кадe можам да најдам други марки: Armani, Longines, Omega, Tag Heuer, Patek Philippe...? Добар избор имаше во продавницата во Рамстор, карши маркетот, ама ја затвориле.Да не знаете каде е преместена продавницата?
А освен таму некои други продавници? Случајно ако не ми се свиѓаат од Стружанка да знам кај да барам на друго место
Имаш продавница во Сити Мол, на приземје до Космо некаде доаѓа, може да е истата продавница од Рамстор ама не сум сигурна, си имаат овие марки, имаат и Келвин Клајн, Гес, ако не се лажам и Фосил имаше.
Прееска бев до Суите Бланко, ја имаше бундава само во други бои, нешто ко со зелено, црно и бело, баш вака во риги беше, ваква само црно бело немаше. Имаш со кафеаво и крем во риги во Страдивариус, за цени незнам.
Не ми текнува како се викаше точно продавницата,во центар кај плоштадот кај што има згради на комерцијална банка,моментално кај што е украсено со сијалички многу,има продавница за постелнина,бањарки пешкири,имаше и пижами мислам убави,така да провери.Ако ме сфати каде е
@lovelife да објаснам убаво само каде е продавницата На Јадран Сквер (бивши хотел Јадран) спроти ЕуроСтандард Банка и спорти Поштенска Банка. Преубави работи има внатре.
@mims-89 од сега прво ќе ти објаснувам тебе за да ми текне како се вика се изнамачив ја..уште и прозорите да почнев да ги опишувам
Таа во Страдивариус е 2790.Прејака е и мн и е убаво крзното.А и нијансите на боите се мн убави и би стоела скоро со све. Планирав да ја купам баш таа и 100 пати ја пробав ,но и во Зара има мн убави исто и неможам просто да се одлучам.Премногу избор има,човек да не знае за која да се одлучи.А најубаво би ми дошле сите . Инаку,во сити мол ,конкретно Страдивариус,Пул&Беар и Бершка,цените им се движат исто,околу 3000.Додека во Зара се нешто поскапи. И сакав да прашам,ако знае некој,планирам после 15 да отидам на шопинг до Солун,каде се наоѓа точно продавницата на Келвин Клајн.Морам да се почастам со нешто што го видов на нивната страна ,а и секако конечно да си ги купам долгоочекуваните нивни гаќички и бра.
Во Сити мол на 1 кат. Спроти вајкики некако му доага. Во рамстор се реновира, односно друг газда ја превзел продавницата, ќе отворат наскоро и таму...
@lovelife, @mims-89 @jok ако зборите за фабрес продавницата за постелнини, да ве предупредам да не ве излажат дека се постелнини на ТАЧ. Мене ме убедуваа, а другарка ми си купи мислејки дека се од ТАЧ!!! Пазете кај давате прари!!!
Најубав избор на часовници по квалитетни и убави имаш во Хронометар на плоштад кај Култура книжарата ( некако спроти Пелистер му доаѓа). Таму дефинитивно ќе најдеш имаат многу избор.
Почнат е, скоро на се имаше 20% попуст, повеќе не. Најефитното парче им е 1790 денари, значи се што ми фати око беше таа цена. Имаше убави чанти со таа цена, чизми има ептен убави до кај 2000, некои обични блузички до кај 1000ка. Сепак не тоа тоа. Очекувам поголем попуст кон крај на Јануари. На пример пред да го затворат за 1000 денари купив ташна, балетанки, шал и блуза, е таков попуст сакам во Суите Бланко.
Мимс а дали ги имаат овие две ташни кај нас? Бидејќи си била вчера ти.Јас пред некое време не ги најдов. Ист модел се и двете,но која и да ја има би ја земала.И двете бои им се убави. Инаку за горенаведениот мој пост,да не се самоцитирам,прогуглав малце и најдов на кое место точно се наоѓa продавницата na Келвин Клајн.Во големиот трговски,во Тесалоники,Mega Outlet,имало преку 400 познати брендови,меѓу кои и CK.Покрај ова имало и големи продавници на Адидас и Најк,со големи попусти.Вреди да се отиде дефинитивно.