Јас си пратам на страната и скоро се што видов таму нема тука Мислам чевлите посебно. Кај може кај нас во продавница 2х да ги донесат сите модели. Башка на попуст гледав некои салонки по 15евра. Кога ќе ја стават кај нас таа цена, јавете ми 07......... хахахха
Евтини тенки каиши имам видено во Waikiki и во Euroasia. Во Waikiki се продаваат во пар и затоа доаѓаат поевтини, во Euroasia се постари модели и се ужасно распоредени, но ако се потрудиш да побараш можеш да најдеш за 100-200 денари. Пред скоро месец земав преубав тенок каиш од Calliope за 400 денари, но веќе почнаа попустите па можеш да провериш и таму, како и во Terranova и New Yorker.
Јас пред неколку дена од еуроазија си купив многу убаво текно црно каивче за 50денари можеш да одиш да си видиш
Каде да најдам вакви хулахопки со срценца? И каде да најдам дебели хулахопки, онака зимски, со некој интересен принт? Фала.
Убав избор на хулахопки имаш во Сара Фешн, вакви како на сликата немам видено, имаат со мали срценца низ целите хулахопки, баш вака црни-проѕирни.
@Catherayn случајно видов на mojagarderoba.mk, а во продавница не сум видела, евентуално на бит пазар пошто таму има се и сешто.
Се наоѓаат ли некаде тенки, скаени каивчиња од оние што се врзуваат околу струкот и каде да најдам? Сите што ги имам веќе не личат на ништо, морам да набавам нови, ептен ми завршуваат работа со некои долги и широки кошули.
@mirandaa затоа што секогаш знаеш што има во сити мол кажи ми дали си го видела мантилчево во бершка.
@Chimera јас искрено не сум задоволна од квалитетот во Дуки и Дасо, ми испука паричникот после два месеци, а и ми се скина рачката од една ташна. подобро разгледај доле во ГТЦ, во бижутеријата имаш поевтини, а во таа за ташни се малце поскапи. Исто имаш добар избор во Рамстор.
Денес бев баш и ова мантилче го немаше,но ќе го донесат сигурно.Но имаше мн слично во Страдивариус само бојата малце посветла и беше намалено,но не се сеќавам која цена точно. Инаку убави се мн и ова и тоа во Страдивариус.Одлични за на пролет.
Сакам нешто вакво да си купам, мислам дека убаво би ми стоело дека би ми дало убава фигура... ама не знам каде има убави? Само да не се прескапи... видел некој, негде, низ Скопјево?
Во Suite Blanco има пеплум маички ,ги забележав и кај нас во продавницата во см. Освен овие две бои доле, имаше и црвена.За цена не запазив точно,но околу 1000 мислам дека. Освен таму и во Зара имаше пред некое време,но сега не сум сигурна.Вчера кога бев не ги забележав.
Фала ти најмногу. Ќе проверам тогаш и во Страдивариус. Знаев дека се обраќам на вистинското лице кога се во прашање зара,бершка итн.