Женски каде да најдам вакво фустанче? овој правата слика е идаелен, токму ваков модел барам, а и тој на втората ќе помине. Многу ми е битен тој горниот дел, тоа го барам Само немојте да ме испратите во мис сиксти, зашо не давам 10.000 за фустан, па каков сака нека е
Побарај во бершка и страдиварус имаш во евроазија и во новото веро,а можеш да најдеш и во њу јоркер видов вакви фустанчиња
Значи така светкаво, цел со циркони како огледалца само без ракави, мислам беше кимоно, во Ламас. Е сега сите циркони мислам во еден правец беа наместени, нормално фустанов е предобар и многу труд е вложено за негова изработка ист нема никад да најдеш. Али и овој во Ламас беше добар, за тие со тој вкус, мене не ми се допаѓа, како диско топка би се чуствувала Над 15 илјади беше краток, имаше и до земја долг. Го гледав во Ламас во ГТЦ 1 ви кат карши Манго.
^ А да си купиш обични балетанки и да си ставиш сама вакви цветови, машни....? има во темата за изработка на накит, феминки имаат правено сами, има инструкции....изгледаат одлично, по твој вкус и се уникатни. Мене ова ми е топ идеа, браво за нив, штета што не носам балетанки
Како овие цветниве во Трафик има за 390? Ааа идам утре да си купам Иначе Ла-чика за овие вториве убаво вика Алиса,ќе си купиш некои најобични најефтини балетанки и ќе си направиш цветче какво што сакаш ти. Мислам дека видов во темата "Направи сам" ,Марама ми се чини имаше направено едни преубави Или па ќе си купиш таквo цветче-брош од бижутерија,и ќе си ги закачиш на балетанките
Тоа се стари модели затоа се толку ефтини и воопшто не се вакви како на сликата со ременчиња се, јас ги гледав во Трафик кај кисела вода тоа што е
Алиса и Мисс да ви одговорам, не сум многу по правење знам дека многу убаво изгледаат тие на марама сама што си ги има направено, ама јас неможам да се плеткам да правам, сакам да си купам готови И освен во Бисер, кај имаше на друго место Трафик?
Кај стара рампа во К.вода и коа ќе го поминеш камени мост тука од десно има ред на продавнички меѓу кои и Трафик
Абе грди се тие цветните од Трафик, од пред 100 години се, затоа се 390 ден. Ама има убави еднобојни со убаво цветче напред, има и со отворен прст, многу се убави, јас се наоружав со такви.Има црни, сиви, тегет, ко тексас има, темно лилјакови, небесно сини.... по 700 ден. се. Има Трафик и у гтц бај д веј
Каде има вакви сукњи? Висок струк, тесна, кратка, и по можност цената да не е од 3000 нагоре. Прашувам за Скопје, знам дека има во Солун итн...ама не пазарам јас во Солун, мое ноџе таму не. Во однос на погорните постови, во ред е, сфативме дека има во Графити.
Сефора јас буквално иста имам , сива боја од ЕуроАзиа во ГТЦ , во делот на Страдивариус , тоа како посебно што е . Не знам колку точно ја земав , ама не беше над 1000 , мислам 700-800
Каде можам да најдам балетанки, да не се многу скапи, но да може да се пешачи во нив ( да не се залепени за земја) ? Може да ми кажете за Скопје, Битола и Прилеп кај има. ^ Сефора, за таква сукња, види во Калиопе во Рамстор. Пред некој ден бев таму, имаше едни сукњи, мислам дека не беа со баш низок струк, ама не сум сигурна дали беа како што бараш ти .
^ Сукњите во Калиопе ги гледав и јас, и не се со висок струк. Барем тие што ги видов , ако мислиме на истете, 900 или 1000 ден беа.