Дали некој бил во outletot во Солун да ми каже дали има ефтини патики за вежбање/трчање или кај во Скопје би можела да најдам ?
Слични имам гледано одамна во Accessories кај поранешен клуб 69 на плоштад Македонија. Сега незнам дали има, ако не те мрзи можеш да си провериш. П.С. првиот ред се убави.
^Ги нема во Accessoriez ранците веќе. @IthoughtIwasAnAllien Сега не сум ни забележала вакви,повеќе ги има во пролетно/летни колекции.Вакви модели на ранци повеќе сега продаваат како од кожа.А кожни имаше во Котон убави и уште неколку продавници низ см забелажав,но не ми текнува кои беа. Инаку јас летово земав тигрест од Terranova,а имаше и уште со две шари.Ќе добијат дигурно пак во пролетната колекција.Стално ги има кај нив. Еве го како изгледа. Ако ти се допаѓа ваков,забележав пред 2-3 дена на страната ASOS.Се зачудив ист беше и плус имаше уште една шара,како со ситни цвеќенца.Ако не ти се чекаат пролетните колекции можеш да си нарачаш од ASOS.
Каде има убави кожни ракавици, може да бидат и еко кожа, само да се убаво изработени, да се потесен крој и да топлат? Црна и бордо боја може да помине.
Дали некаде низ Скопје може да се најдат готови чаши Среќа е...? За да не порачувам и да чекам сакам да купам веднаш готова. Или ако знаете за некоја слична продавница кажете ми каде се наоѓа?
Види прашај на страницата за среќа што е на фб Инаку можеш и да однесеш слика да ти направ по фотостудијата кај нас така прават,просецсот на траење за да се направи една таква чаша т.е сликата да се залепи околу 40тина минути
Исто имаш и во Буњаковец при крајот на трговсиот има дуќанче со украси и таму има такви чаши. Околу 250 се.
Во МОНА пред влезот на ГТЦ види. Еко кожа не верувам да топлат. Такви сигурно има во Дуки Дасо или во било која продавница за чанти
За Мона знам, секогаш ми е во опција, ама сакав да видам да не има и на некое друго место. Фала на предлогот во секој случај
Моментално имам слични на мене, само кожниот дел е потенок, од Suiteblanco се. А вакви скроз исти гледав во Бершка.
Девојки што мислите за парфемите, вреди да се пробаат или не? секое мислење, и споделено искуство е добредојдено.
Во ГТЦ во редот на Ботони на приземје имам видено готови чаши, само не сум сигурна колку има избор...
Каде би можела низ Скопје, да најдам накит од необработен аметист ( ако нема, тогаш обработен каде би можела да најдам)?И отприлика колку се движат цените?